Ние еве заминавме
Тие што остануваат ги поздравуваме
На сите што за нас молат
Поздрав овој наш нека е.
Судба половина ни скрши
Јазикот ни без збор ќе е
За нашата болест што прашаа
Поздрав овој наш нека е.
Моето тело се отвора
Кошула без ракави ќе е
На оние што нѐ капат
Поздрав овој наш нека е.
На чело ни белег стои
Пријателот вечен ќе е
За нас вечно што ќе моли
Поздрав овој наш нека е.
Кому му се пише оди
Неповратен пат тој ќе е
За оние што ќе прашаат
Поздрав овој наш нека е.
Јунус дервиш збор си збори
Всушност тоа солза ќе е
За оние што нѐ знаат
Поздрав овој наш нека е.
Јунус Емре
турски поет (13 век)