Поради санација на водоводната мрежа на улицата Прогрес, денес (08.04.2026, четврток) ќе има прекин во водоснабдувањето во неколку населени места и улици.
Без вода ќе останат жителите на селата Логоварди и Поешево, како и дел од улицата Бурса, поточно потегот од улицата Прогрес до базата на Гранит.
Од надлежните информираат дека интервенцијата се однесува на ПВЦ водоводна цевка со пречник од 150 милиметри. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае сè до завршување на активностите поврзани со реконструкцијата на мрежата.
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА
Јавното комунално претпријатие Водовод – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Караорман“, со цел подобрување на квалитетот...
Прочитај повеќе













