Поради санација на водоводната мрежа на улицата Прогрес, денес (08.04.2026, четврток) ќе има прекин во водоснабдувањето во неколку населени места и улици.
Без вода ќе останат жителите на селата Логоварди и Поешево, како и дел од улицата Бурса, поточно потегот од улицата Прогрес до базата на Гранит.
Од надлежните информираат дека интервенцијата се однесува на ПВЦ водоводна цевка со пречник од 150 милиметри. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае сè до завршување на активностите поврзани со реконструкцијата на мрежата.
Почна реконструкција на водоводот на „Димитар Тодоровски“
Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Димитар Тодоровски“ во Битола, со која е предвидена целосна замена на старата водоводна...
Прочитај повеќе














