Швајцарската полиција откри 500 килограми бел прашок во контејнер за чување и транспорт на сирово зрно за еспресо кафе на брендот Нестле.
Кокаинот вреден над 50 милиони швајцарски франци штотуку пристигнал од Бразил, а компанијата Нестле се огради дека било кој од нивните вработени имал врска или дошол во допир со контејнерот.
Нестле стравува и дека потрошувачите ќе имаат недоверба во кафето и производите на компанијата, па изрично тврди дека нивните производи се безбедни и никогаш не дошле во допир со дрога или други штетни материи.