Прегледувајќи архивски снимки од пред повеќе од 50 години, техничарите во една локална телевизија во Минеаполис случајно го препознале музичарот Принс, како дете кое го поддржува штрајкот на своите наставници.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/princ.jpg)
На снимката од 1970 која го обиколи светот, многу фокусирано и елоквентно, детето за кое се верува дека е музичката ѕвезда образложува зошто наставниците поради својот ангажман заслужуваат повисоки плати.