Јавното комунално претпријатие Водовод – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Караорман“, со цел подобрување на квалитетот и стабилноста на водоснабдувањето.
Проектот предвидува замена на постоечките цевки со нови полиетиленски во должина од 165 метри, како и изведба на 26 нови водоводни приклучоци. За реализација на зафатот се издвоени 1.449.418 денари.
Од претпријатието информираат дека со оваа инвестиција ќе се обезбеди посигурно водоснабдување за жителите, како и унапредување на водоводната инфраструктура во овој дел од градот.
Надлежните најавуваат дека ќе продолжат со активности за модернизација на мрежата, со фокус на подобрување на услугите за граѓаните.



















