Кепенци
сабота, мај 3, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Сашко Мирчевски: Се борам младите да тренираат за да не завршат на места во кои се самоуништуваат

Сашко Мирчевски: Се борам младите да тренираат за да не завршат на места во кои се самоуништуваат

декември 29, 2022
во Анфас
106 1

Во денешно време кога животните вредности се потчинети на желбата за инстантен резултат, брз успех и лесна заработка, нештата за кои е потребно трпение, труд, макотрпна работа, дисциплина, самоконтрола и смиреност, како да не се совпаѓаат со динамиката на модерниот начин на живот.

Тоа особено важи за индивидуалните спортови кои, се чини, овде кај нас, се ставени во втор план, надвор од приоритетниот интерес на институциите, иако сите декларативно зборуваат за грижата за младите, нивното психо-физичко здравје и рамнотежа со која ќе можат соодветно да одговорат на девијантните искушенија кои ги демнат на секој чекор.

Во такви „ненормални“ општествени услови, клубот НИНЏУЦУ кој веќе 17 години опстојува во Битола, мака мачи да го обезбеди своето заслужено место, препознавање и соодветно вреднување од институциите на општеството.

Сашко Мирчевски е еден од ретките неуморни ентузијасти, кој не се откажува од промовирањето на благородната идеја за воспитување, мотивирање и охрабрување на младите во духот на борбеноста, за која вели дека во моментов на сите ни недостига како нација.

Со него, во ова издание на рубриката АНФАС (интервју) на Кепенци разговараме за ентузијазмот, упорноста, себеодрекувањето и посветеноста на боречките вештини, како еден вид неопходна „мисија“ меѓу младите денес:

Необично име и сигурно необични исклучителни луѓе во еден клуб наречен НИНЏУЦУ. Од каде идејата за ова име?

– Идејата за името на клубот датира од 2005 год. кога за прв пат се запознав со мојот прв инструктор и тренер по боречки вештини Марјан Анастасовски кој имаше формирано Нинџуцу Федерација на Македонија и секој клуб во неа го носеше името на градот од каде потекнува.

Вие сте претседател на клубот од самото формирање или имало некои други претходно?

– Да, јас сум назначен за претседател и асистент првично во 2005 година на првата група кога започнавме да се запознаваме со боречките вештини. Ги изучуваме и работиме на нив со голема волја и упорност за полека но сигурно денес да изградиме една академија за повеќе дисциплини; училиште за боречки вештини во кое членуваат деца од најмала возраст (од 4 години па се до 50+). Од првиот ден до формирање на школата јас сум претседател, главен инструктор и тренер.

Со кои боречки вештини работите и за која возраст е наменет овој спорт?

– Работиме во клубот на главно 2 вештини и тоа – стил на македонска Нинџуцу вештина која е зачната во Македонската Нинџуцу Федерација и – Џиуџицу како втора вештина и еден од најпопуларните борбени спортови во денешно време. Покрај тоа се работи и на Граплинг, ММА во кои спортови често имаме регионални натпревари.
Што се однесува до Нунџуцу, него подоцна, откако згасна целата Федерација со активна работа поради „икс“ причини, јас ја задржав дисциплината во клубот со некои еволуциони промени кои се покажаа како добри за едно школско изучување на борбените дисциплини и напредок во истите.

Овие типови на боречки вештини сигурно имаат некое духовно значење, па можете ли да ни кажите како ги спремате психички вашите членови, пред да почнат да се занимаваат со овој спорт?

– Точно така. Seishin Teky Kyoyo или ментална и духовна обука на борецот е составен дел од тренажниот процес. Тука се вклучени разни техники и методи со кои се постигнува повисоко ниво на свест и низ целата обука се поминува низ различни ментални препреки кои се најголема причина за еден кандидат да престане да изучува и тренира боречка вештина како начин на живот, имајќи во предвид во кој правец се движи цело модерно живеење и сите деструктивни работи со кои сме опкружени. Вистинската боречката вештина, исто како и нашата религија, од нас бара да се држиме до некои пишани правила на Божји закони и да бидеме се’ подобра и подобра верзија од нас самите.

Колку е популарен овој вид на спорт во Македонија и дали државата има слух за негово развивање?

– Ние последно имаме сериозни проблеми со Македонска Џиуџицу Федерација која е максимално корумпирана и бидејќи таму бевме убедливо најдобри државни шампиони без конкуренција, првично на нелегален начин ја презедоа федерацијата (за што се чека судење на Управен суд во Скопје во постапка која ја води поранешниот легитимен претседател), а пред скоро време без никакво образложение бевме исклучени како клуб од ЏФМ… за сето тоа да биде пријавено повеќе пати во Агенција за млади и спорт, но беуспешно. Секој крева раце, не’ тапка по рамо – да најдобри сте ама, сами решете си ја работата. Македонија и се е можно! Не случајно сме во секој сегмент од општественото живеење таму каде што сме… за жал

Сега функционираме со помош на личности кои го препознаваат нашиот квалитет, работа и успеси и благодарение на нив успеваме да продолжиме да одиме напред. Мораме така, кога државата нема слух за нас. Се надеваме во иднина дека за боречкиот спорт ќе одлучуваат стручни нови квалификувани и упатени кадри кои ќе го препознаат квалитетот и напорната работа што ќе донесе многу спортски достигнувања, не само за нас туку и за државата.

Колку членови брои вашиот клуб и од која возраст најмногу се заинтересирани да го практикуваат?

– Моментално нашата школа брои 40-тина возрасни членови и јуниори +15 години и мала група за деца која е во фаза на развој и моментално брои 20-тина деца од 4-13 годишна возраст, а со работа се очекува оваа група да брои многу повеќе во иднина, имајќи во предвид дека сега таму е насочена сериозна енергија која сигурно ќе донесе резултати.

Какви се психо-физичките придобивки од тренирањето на овој спорт?

– Придобивки од тоа да се биде дел од Нинџуцу клуб Битола има многу. Првично, тука секој гради карактер да биде упорен, да биде посветен кон нештата за кои се залага да ги прави, тука изучуваме реални борбени системи утро и вечер како во многу малку школи преку многу напор, болка и пот на татами кои од нас градат посилни личности во секој поглед. Тука се развива моторички подеднакво цело тело како во ретко кои спортови, едноставно тренингот ни е лек за душа (не оттргнува од многу деструкции) ни дава чувство на смиреност во приватниот живот, имајќи предвид дека голем дел од нашата енергија ја трошиме на татами како боречки уметници.

Каков вид на спорт е оваа боречка вештина – агресивен, меко агресивен или го гледате во рангот на обичните спортови?

– Зависно за која дисциплина разговараме. Секоја си има своја енергичност, би рекле “енергичност” место “агресивност”. Бидејќи изучуваме повеќе дисциплини и вештини, тука на прво место ќе се спомне ММА, веќе како засебен боречки спорт, кој е најтешкиот боречки спорт што постои и не случајно кај нас во државата немаме ММА Федерација, од проста причина што тоа бара голема посветеност, комплицирано е и едноставно има тежина како ниеден боречки спорт. Многу малку личности кај нас  тренираат и се натпреваруваат во ММА, бидејќи ние како нација не сме на некое завидно скалило на ратоборност (борбеност). Доказ за тоа е и (не)реагирањето на многу случувања кај нас, па ни останува да се радуваме на „удирање клоци во г*з“ како да е тоа некое спортско боречко достигнување и сл. Не случајно, во најнапредните цивилизации, силни држави како Русија и Америка, ММА е боречки спорт број еден. Таму борци со импресивна кариера во Борење или во Џуд, со освоени олимписки медали, веќе не чувствуваат предизвик и влегуваат во ММА или во слободна борба како врв на нивната кариера.

Џиуџицу и Граплинг се помеки стилови или игра на потези, како што уште се нарекуваат. Исто и тука се бара сериозна физичка и ментална спремност, но тежината не може да се спореди како со онаа во ММА, во која ризикот од повреди е доста поголем, имајќи предвид дека самиот тренажен процес е доста напорен и макотрпен и дека за еден профи-борец од повисок калибар, е сериозно достигнување ако успее годишно да одработи 3-4 борби, што не е случај во другите боречки спортови во кои има и по 7-8 борби во само еден турнир.
Тоа се тие три боречки спортови за кои може да кажеме дека се „енергични“(агресивни) и за кои е потребен посебен напор во изучувањето. Додека, кога разговараме за Нинџуцу, тоа е веќе начин на живот, цела филозофија и тука енергичноста знае да менува сериозни нивоа на ментална свест – од тотална смиреност, до најразлични облици на енергичност, кога е во прашање преживувањето на борецот како личност.

Кои се клучни моменти во оформувањето на вашата кариера, од почетокот па се до денес?

– Клучни моменти ?! Па, не би знаел да кажам кои се, за се досега што се постигнало… Едноставно – внатрешната енергија, духот и љубовта кон боречката вештина ме држат во ова, за мене – вечно патување. Имајќи предвид дека, благодарение на спортот сум физички активен и до ден денес, ментално многу полесно се борам со сопствените стравови и препреки, многу полесно се себеспознавам. Но најмногу сум среќен што се борам младите луѓе да го исполнат своето време и да ја потрошат енергијата во тренинг и работа на себе, наместо да завршат на места во кои би се самоуништиле – и физички и ментално и духовно.

Како гледате на кепенците во градот, како метафора. Се отвораат или се затвораат и зошто е тоа така?

– Во однос на целата денешна тешка ситуација, покрај сиот тој непотизам, лично профитерство и корумпирано работење со кое сме во се опкружени, ние се уште од некаде успеваме да најдеме мотив и оптимизам дека – нигде не е како дома, иако моменталната слика не говори така. Ќе продолжиме да се бориме за промена, а до каде ќе стигнеме во цела лоша атмосфера и негативна енергија со која е опфатено целото општество, само еден Бог знае.

Колку медали досега имате освоено и кои ви се најдагоцени?

– Се освоиле многу медали од сериозни натпревари во професионална и аматерска ММА, во Џиуџицу и Граплинг и сите се значајни, но оние најзначајните, од типот на борци во сериозна ММА организација, се предизвик на кој се работи. Инаку да, јас како тренер сум горд на сите посебно.

Како гледате на поразот и како ги учите вашите членови да гледаат на него – како мотивација… или?

– За нас во клубот, поразот е сериозна мотивација и лекција која треба да се научи, да се анализира, зошто тоа било така и во иднина да се подобри. Секогаш се трудиме да сме реални кон самите себе, а борилиштето е сведок кој никогаш не лаже.

Каде се гледате за 10 години вие лично но и клубот?

– Се надевам ќе има се повеќе разумни и добри луѓе кои ќе ја препознаат работата на клубот и достигнувањата, кои доколку би имале буџет од институциите на државата (кој не се дели по реална заслуга или, уште полошо – се кради) тогаш би се појавиле на многу поголеми борилишта и секако би донеле и многу поголеми успеси.

Но, сето тоа не е баш во наши раце, бидејќи ние сме оние што вежбаат во сала и спремаат стратегија, оние кои се надминуваат себеси секојдневно, а не сме комерцијалисти, менаџери или политичари кои кројат закони и политики за тоа како и каде да се распределува буџетот за спорт или како полесно нешто да се испере и да се украде, без да се има резултат достоен за да се правда финансиската поддршка (и ова е за жал и чест пример и во нашиот град). Искрено се надевам дека и во следните 10 години ќе бидеме тука со истиот ентузијазам и дека ќе се променат некои работи.

Во спротивно, имаме лично јас и некои мои следбеници можност уште сега да мигрираме во Германија, кај моите Џиуџицу ментори, каде дефинитивно ќе може да имаме многу покомфорна, поуспешна и повеќе вреднувана приказна, имајќи предвид како изместено денес се се вреднува кај нас. Но, ете – засега остануваме да веруваме и веќе се спремаме за следната сезона во 2023 за нови проекти и нови натпреварувања во зависност од нашиот буџет кој ќе успееме самите да го обезбедиме од приватни спонзори – општествено одговорни личности, благодарение на кои, до сега се сме постигнале. Но и на досегашните наши достигнувања кои не се за потценување, ние самите гледаме само како на добра основа или почеток во однос на она кон што имаме амбиција и кон што се стремиме.

Каква порака сакате да им пренесите на младите денес?

– Порака од мене до младите е да бидат упорни, да веруваат пред се и да се борат со цело свое срце за она што вистински го посакуваат, без оглед на се’.

Тоа е и она, на што постојано сите заедно се учиме и во школата, секојдневно и постојано, пак и пак.














Ознаки: anfasанфасинтервју
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Александар Јаневски – Егејот е душата на Македонија

Следна вест

Ѓорѓи Стојчевски – Кога се сака, сѐ се можи

Поврзани ВЕСТИ

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА
Анфас

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

Од Editor
мај 4, 2024
0
14

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола....

Прочитај повеќе
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

јануари 15, 2024
14
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
355
Следна вест
Ѓорѓи Стојчевски – Кога се сака, сѐ се можи

Ѓорѓи Стојчевски – Кога се сака, сѐ се можи

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

април 19, 2025
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

април 18, 2025
Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

април 18, 2025
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради јазел во водоводната мрежа

април 15, 2025

Скорешно

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

април 19, 2025
14
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

април 18, 2025
14
Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

април 18, 2025
14
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради јазел во водоводната мрежа

април 15, 2025
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist