Виктор Орбан и неговата партија Фидес се на пат да го добијат петтиот (четвртиот последователен) мандат по општите избори во Унгарија.
Со преброени 50% лд гласовите, партијата на Виктор Орбан ФИДЕС убедливо води, меѓу другото и благодарение на неочекувано големиот одзив на гласачите; наспроти очекувањата на некои западни аналитичари дека неговото одбивање да ја осуди руската интервенција во Украина може да го чини намалена поддршка.
Според проекциите од првичните неофицијални резултати Фидес ќе има 133 седишта во 199 члениот Парламент, наспроти анкетите и тврдењата пред гласањето дека шестпартитниот опозициски блок може сериозно да го загрози.
Дел од аналитичарите велат дека се очекува Виктор Орбан, сега, по убедливата победа и безбедниот нов мандат, да може слободно малку поцврсто да се сврти кон Западот и кон евроатланските сојузници, но дека сепак нема докрај да се откаже од енергетската и трговска соработка со Русија.