Кепенци
среда, ноември 12, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Ваше мислење: За достоинството на наставниците

Ваше мислење: За достоинството на наставниците

април 15, 2022
во КАЖИ!
142 2

Деновиве просветните работници се исправени пред, нема да претерам ако речам, Хамлетовското “Да се биде или не“, во битка не само за своите уставно и законски загарантирани права, туку пред се и над се, во битка за одбрана на своето човечко и професионално достоинство.

Откако со години се маргинализирани во општеството од политичките елити и фрлени на колена, да се борат за гола егзистенција во ситуации на бројни предизвици пред кои се ставени, да се справуваат со разни експериментални “реформи“, кога на секој начин се гази нивното професионално и човечко достоинство и кога се повеќе се деградира вредноста на наставникот во општествената хиерархија и во општествениот дискурс, деновиве, поради штрајкот кој се случува во образованието, се соочени со дополнителни притисоци, јавни деградирања, понижувања, линчувања, ниски удари, навреди и обиди да се замолкнат, да се изиграат како многупати претходно, да се понижат, изманипулираат, за да бидат повторно вкалапени во матрицата на политичката елита, која ќе ги поттурне по којзнае кој пат на маргините на општеството и на наставниците ќе се сети само кога ќе и притребаат за политички калкулации и поткусурувања.

Не се избираат средства за да се омаловажат наставниците и да се прикажат како неодговорни, неработливи, па дури се отиде дотаму да се етикетираат дека не се грижат за децата, па дури дека се и “убијци“ на деца и дека поради штрајкот болниците се наполниле со деца со скршеници, а притоа се заборава дека наставниците и самите се родители и имаат деца, кои, исто така, сакаат да им бидат во школските клупи. Тоа само говори за нивото во културата и општествената комуникација до кое сме дотуркале и за сеопштата морална декаденција до која сме стигнале.

Но, за разлика од многу претходни штрајкови во образованието, сега има една голема и многу битна разлика – за прв пат се случува толку голем одѕив и толку голема обединетост на просветните работници. За прв пат се обединети сите, без оглед на етничка, верска или партиска припадност, за прв пат над 95% од наставниците штрајкуваат, одолеваат и го издржуваат притисокот, и тоа поединците кои одлучуваат за нашите судбини, треба да го знаат.

И покрај сите притисоци на кои се подложени по разни основи од една мала група на привилегирани поединци, кои од разни лукративни и лични побуди и интереси, си земаат за право да одлучуваат за туѓи животи, да се поставуваат во улога на “капо ди тути капи“, кои ќе одлучуваат за судбините и егзистенцијата на илјадници луѓе, наставниците покажаа одважност, одлучност, сплотеност, единство и достоинственост како никогаш до сега. Тоа треба оние кои одлучуваат за нашите судбини и тоа како да го земат предвид, ако не сакаат нивната самобендисаност, инаетливост и надменост, да им се удри од глава како бумеранг. Тоа треба да го имаат предвид не само оние кои одлучуваат, туку и оние кои во името на илјадници наставници преговараат и се избрани за да ги бранат и одбранат нашите права, а не да се повтори одисејата која сме ја гледале многу пати претходно кога сме биле продадени за ситни лични и тесно партиски интереси.

Не смееме да дозволиме да бидеме повторно изманипулирани, вечни заложници на овој наш безизлез, апатија, разединетост, осуденици на нечии господари во оваа наша “балканска крчма“, во која други се гоштеваат, а ние секогаш скапо го плаќаме цехот. Како ќе ги воспитуваме нашите ученици на борба за себе, за принципи, за идеали, за вредности, ако самите не сме во состојба да се избориме за нашите права и за достоинството. Ако сакаме општествен прогрес, тоа не е можно без квалитетно образование, и ценет и вреднуван наставен кадар. Ако сакаме да тргнеме барем малку напред во чекор со современите европски и светски текови, мораме да се избориме и да излеземе од кругот на безидејноста, разединетоста и моралната и етичката деструкција, толку иманентна на овој наш менталитет. Не смееме да потпаднеме под влијание на лажните ветувања за некакви си идни Потемкинови села на идиличната пиар стратегија, која со децении ни ја сервираат нашите естаблишменти. Не смееме да ги проголтаме приказните дека е време на криза и се нема пари само за наставниците, додека во целава гротескност на нашата драмолетка која ни ја режираат, а во која животариме во нашава глембаевска реалност и во Балзаковата кујна се има милиони евра за фстаци, лешници, бадеми, за диносауруси, за фотелји…

Со години сме сведоци на стрмоглавиот пад на статусот на наставниците во општествената хиерархија, на економското тонење, на уназадувањето на квалитетот на образованието, како резултат на разно-разните експерименти и квази реформи, во кои заморчиња беа не само наставниците, туку пред се децата, кои ги трпат и допрва ќе ги трпат последиците од нашите непромислени, Менгеловски експерименти во образованието, што продуцираше само неквалитет, импровизации, уназадување на генерации ученици. Сите експерименти и избрзани, недоволно осмислени проекти и плагирани “реформи“ од други држави, на голем број (не)искусни министри од разни провиниенции, со мегаломански идеи и хипертрофирано его, со незаситни апетити и длабоки џебови, кои во својата самобендисаност немаа слух за наставниците и за се она со што тие се соочуваат, а кои последен пат биле во училиште како средношколци, но кои преку ноќ посакаа со разни “современи“ концепции, сеопфатно сексуално образование и “генетски“ инженеринг со хибридно вкрстување на предмети, небаре се семиња од кои ќе се изроди нова сорта, со дигитализација на образованието, да не внесат во 21 век, во услови кога некои училишта ни се според просторните и техничките услови во 19 век, а наставниците со примања под просечната плата. Така, големите министри со мало искуство и знаење, но со избрзани и грандиозни фински, шведски, Кембрич реформи, притоа заборавија дека за да имаме квалитетно образование во чекор со современите текови, треба, меѓу другото, да имаме и наставен кадар кој ќе биде ценет, почитуван, мотивиран, добро платен и пред се вреднуван во општеството. Па така, ако веќе сакаме да спроведуваме реформи, дигитализација и шведски, фински или не знам уште каков модел на образование, треба и платите да ни бидат, ако не фински, зашто тоа е недостижно за нас уште следните три века, туку барем доволни за достоен живот.

Па така, сега, загрижените душегрижници, кои ги обвинуваат наставниците дека учениците губат од наставата, и трпи наставниот процес, наместо да се надмудруваат, да уценуваат, закануваат, да одолговлекуваат и да се обидуваат да направат раздор, да седнат и во најкус можен рок да постигнат договор со нив. Се во интерес на учениците, наставниците и наставниот процес.
И на крајот една порака до наставниот кадар. Достоевски рекол: “Во животот на секој човек има денови кои треба да се издржат“. Токму сега сме сите исправени пред тој предизвик непоколебливо, единствено, достојно, одлучно да издржиме и да се избориме за себе, за нашите права, за нашето достоинство, за нашата фела, за нашата иднина и за иднината на сите деца кои заслужуваат квалитетно образование или пак ќе дозволиме да не скршат, да не поколебаат, да не разединат, да ни го згазат достоинството и да не понижат.

Сепак овој штрајк покажа дека на крајот на тунелот има светло, зашто после толку поделености, разединетости кои сме ги изнагледале со децении, сега за прв пат сме обединети, сплотени во битката пред се за нашето професионално и лично достоинство, а потоа и за остварување на нашите уставно и законски загарантирани права. Одважно, гордо и достоинствено за достоинството на наставниците.

Пишува Марија Младеновска Димитриовска

Ознаки: dostoinstvokazinastavniciнаставнициштрајк
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Свети Јоаким Осоговски – Крива Паланка

Следна вест

Кога си мигрант и ќе добиеш голема сума на лото

Поврзани ВЕСТИ

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина
КАЖИ!

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина

Од Editor
мај 31, 2025
0
14

По три години посветена работа, ЕКТЕР – Битола со гордост објавува дека нашата едукативна кампања за намалување на пушењето „Кажи...

Прочитај повеќе
Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

Гугутка Гуга – Носии од Горни битолски села

мај 14, 2025
14
АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

АванТуризам – Чифте амамот Дебој, Битола (ВИДЕО)

септември 30, 2024
14
Следна вест
Кога си мигрант и ќе добиеш голема сума на лото

Кога си мигрант и ќе добиеш голема сума на лото

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
14
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
14
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
14
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist