Од денес, 19 февруари 2026 година, ЈКП Водовод – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Даме Груев“, крак 1 и крак 2, во населбата Мал Париз, во Битола.
Во рамки на активностите ќе се изврши замена на постојната, дотраена водоводна мрежа со нова, современа полиетиленска мрежа, како и изведба на нови водоводни приклучоци за домаќинствата.
Од ЈКП Водовод – Битола информираат дека поради изведувањето на градежните работи, ќе има повремени прекини во водоснабдувањето.
Јавното комунално претпријатие посочува дека активностите се дел од континуираните напори за подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за граѓаните и апелира за разбирање за време на реализацијата на проектот.














