Кепенци
сабота, јуни 13, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
За многу години Свети Никола!

За многу години Свети Никола!

декември 18, 2022
во Длабоко
69 1

Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им го раздаде наследениот имот на сиромасите и ништо не задржа за себе.

Додека беше свештеник во Патара тој многу се прочу со делата на својата милостиња, иако ги криеше грижливо, за да го исполни зборот Господов:

„Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дојде глас одозгора:

 „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ 

Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, неустрашлив. Св. Николај му беше вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, но тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји. Присуствуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело го отстранија од Соборот и од архиерејската служба, сe додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето благоволение кон Николај.

Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји. Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост малку се разболе и се упокои во Господа, многустрадален и многуплоден, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокои на 6 декември 343 година.

Тропар

Правило на верата, и пример за кроткоста, и учител на воздржанието, те покажа на твоето стадо вистината на твоите дела. Поради тоа, со смирение си ја придобил возвишеноста, со сиромаштво – богатството, оче, свештеноначалниче Николае. Моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак

Светителу, во градот Мир се покажа како вистински свештенодејствител: откако го исполни Христовото Евангелие, преподобни, ја положи душата своја за луѓето твои, и од смрт ги спаси невините; поради тоа се освети, како голем тајник на Божјата благодат.

Извор: МПЦ
Ознаки: dlabokosvetiдлабоконикола
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Акатист на преподобниот отец наш Нектариј Битолски Светогорец (АУДИО-ВИДЕО)

Следна вест

Меси ја комплетираше колекцијата со трофеи (ГАЛЕРИЈА)

Поврзани ВЕСТИ

Дали знаете? – Сончевиот часовник во Битола и Охрид како главен монетарен центар на Балканот
Длабоко

Дали знаете? – Сончевиот часовник во Битола и Охрид како главен монетарен центар на Балканот

Од Editor
мај 3, 2026
0
14

Слушнете во видеото подолу https://youtu.be/OgT-Qxg4ybo

Прочитај повеќе
Свети Мартин исповедник, епископ Римски и Светите Маченици Антониј, Јован и Евстатиј Литовски

Свети Мартин исповедник, епископ Римски и Светите Маченици Антониј, Јован и Евстатиј Литовски

април 27, 2026
14
Православен календар 26 септември 2024

Православен календар 26 септември 2024

септември 26, 2024
14
Следна вест
Меси ја комплетираше колекцијата со трофеи (ГАЛЕРИЈА)

Меси ја комплетираше колекцијата со трофеи (ГАЛЕРИЈА)

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?

АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?

АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?

јуни 4, 2026
Реконструкција на водоводната мрежа во ОУ „Гоце Делчев“: Старите цевки се заменуваат со нови полиетиленски инсталации

Реконструкција на водоводната мрежа во ОУ „Гоце Делчев“: Старите цевки се заменуваат со нови полиетиленски инсталации

јуни 3, 2026
Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

мај 29, 2026
ВОДОВОДЕН ДЕФЕКТ ОСТАВИ ДЕЛ ОД НОВА БИТОЛА БЕЗ ВОДОСНАБДУВАЊЕ

ВОДОВОДЕН ДЕФЕКТ ОСТАВИ ДЕЛ ОД НОВА БИТОЛА БЕЗ ВОДОСНАБДУВАЊЕ

мај 28, 2026

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist