Откако Елон Маск без никакво дополнително објаснување, на Твитер објави дека доставил пратка со опрема за проектот „Старлинк“ во Украина, се појави и кратко видео на кое тој со украинскиот преседател се договара за пијачка по војната.
– Ако имаш време по војната, добредојден си, имаш покана
– Тоа звучи добро, едвај чекам да дојдам, веднаш штом ќе заврши …
Во медиумите не се зборува многу за врската на Старлинк со Украинa, но се претпоставува дека можностите за целосно независна сателитска комуникација кои ги нуди (на пр. интернет и кога нема интернет) можат клучно да влијаат врз подобрување на технолошките перформанси на украинската одбрана.
Упатените веруваат дека во заднина на класичните воени судири, во Украина во моментов се одвива и паралелен технолошки натпревар на иновации кои се досега непознати за човештвото.