Камион со шест лавови, шест тигри, два риса, африканско диво куче и еден мајмун, од Зоолошката во близина на Киев, по шестдневно патешествие стигна во Полска, каде ќе бидат соодветно згижени.
Овие животни од вкупно 80 биле избрани во првиот „дедо Ноев камион“ за евакуација на животни од Украина.
Организаторите на патувањето велат дека животните од Зоолошката во близина на аеродромот до Киев се во опасност не само поради гранатите, туку им се заканува и глад и последици од големиот преживеан стрес.
Животните се извлечени релативно брзо и успешно, за разлика од луѓето кои со денови чекаат да ја напуштат Украина.