Најмалку едно лице загина во силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, кој денес го погоди крајбрежјето на границата меѓу Мичоакан и Колима во Мексико
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/2-99.jpg)
Оштетени се многу згради, има прекин на електричната енергија, а властите апелираат до граѓаните засега да останат на отворено.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/3-89.jpg)
Ова е трет силен земјотрес во Мексико на истиот датум. Во првиот во 1985 настрадаа илјадници луѓе, вториот на 19 септември 2017 одзеде 350 животи, а жртвите од денешиот потрес допрва ќе се пребројуваат.