Кепенци
четврток, април 16, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Кога убавината се прелева во вистина – Наградата Ацо Шопов за „Убавите жени” на Зоран Пејковски

Кога убавината се прелева во вистина – Наградата Ацо Шопов за „Убавите жени” на Зоран Пејковски

февруари 7, 2023
во ЗЛАТЕН КЛУБ
65 1

Книгата „Убавите жени” од Зоран Пејковски, како целина нуди една заокруженост со јасна тематска преокупација и идеја, фокусирани на убавината како универзална човечка димензија и дека таа изобилува со впечатливи поетски слики поместени во сферите на љубовното, еротското, чувственото. Низ целата книга се разлева топол лирски склад кој потсетува не само на класичното и на традиционалното, туку и на пеење што ги задоволува узусите на модерната поетика.

Збирката е цврсто структурирана во четири поетски циклуси што взаемно се надополнуваат и надградуваат: „Икона на универзумот“, „Сѐ би било еднолично сиво“, „Последното чудо на светот“ и „Епилог на убавината и вистината“. Во првиот циклус Пејковски смело поаѓа во „разгатка на убавината“ при што убавината на жената ја зема како симбол во кој се отелотворени убавината на универзумот и на природните феномени што често нѐ оставаат без здив со својата дива, но животворна и животообновлива убавина: сонцето, месечината, океанот, молскавицата или капката роса. Вториот циклус ги проширува и продлабочува истите со опевањето на смислата што жената му ја дава на постоењето и животот.

Песните во него се суптилно еротизирани и химнично ја слават љубовта меѓу жената и мажот како создателен чин исполнет со возвишена радост и хармоничност, сo исконска возбуда и страст. Во третиот циклус поетот се сосредоточува врз поетско толкување на „чудото на жената“, на високо естетизирање на нејзината надворешна појава и убавина што го опчинува мажот како што Адама го опчинила убавината на Ева, но и го внела во темнината на гревот. На тој начин поетот во овој циклус загатнува повеќе религиозно-филозофски прашања што на книгата ѝ даваат уште една, дополнителна поетска димензија. Во четвртиот, завршен циклус, поетот врши премин од поимањето на убавината како чисто екстерна естетска категорија кон нејзиното поимање (и) како етичка категорија.

Песните се „повнатрешнуваат“, па така надворешната убавина се рефлектира во добрината и вистината, сѐ со цел да се постигне романтичарскиот идеал за совршена убавина кој е сочинет од складниот спој помеѓу овие две категории, па следствено – убавината се прелева во вистина, како што вистината зрачи со убавина. Затоа овие песни дишат во поинаква, доминантно рефлексивна атмосфера, како што впрочем и доликува на еден поетски обликуван епилог.

„Убавите жени“ на Пејковски е стихозбирка со складен и затоа навидум лесен поетски израз што изобилува со богати поетски слики и метафори, како и со свежи звуковни и ритмички решенија. Поетот вешто ги избегнува замките на благуњавиот лиризам и сентиментализам што е постојана закана за ваков вид поезија и иако на моменти се приклонува кон нешто полесни, клишеизирани решенија, сепак општо земено, целата книга импонира со својата компактност, читливост и приемчивост.

Со доделувањето на наградата „Ацо Шопов“ за 2022 година на Зоран Пејковски и на неговата поетска книга „Убавите жени“, ДПМ се придружува кон прославата на 100-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски поет Ацо Шопов.

Комисијата избрана за доделување на годишната награда „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска збирка во 2022 година, во состав Зоран Анчевски (претседател), Мерсиха Исмајлоска и Славе Ѓорѓо Димоски (членови) на два состанока ги разгледаа книгите од годинашната поетска продукција пристигнати на конкурсот и по подолга и образложена дискусија Комисијата го сведе својот избор на три поетски збирки, неведени по азбучен ред според презимињата на авторите:

1. „Убавите жени“ од Зоран Пејковски
2. „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска
3. „Позлатено распетие“ од Ивица Челиковиќ

Членовите на Комисијата и дадоа предност на книгата „Убавите жени“ од Зоран Пејковски.

Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, сценарист, поет, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година, а во 2018 година се стекнува со титулата европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија. Пејковски е и доцент од областа драматургија на Факултетот за театарски уметности при интернационалниот универзитет „Европа прима“ од Скопје. Автор е на над 20 драмски дела, потоа над 20 збирки песни, еден роман, четири научноистражувачки книги од театрологијата и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.

Ознаки: зоранкажипејковски
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Фолклорот е нашето најголемо богатство – Милан Завков (1962-2023)

Следна вест

Прекин со водоснабдувањето во реонот на Веро – Горен Пазар

Поврзани ВЕСТИ

ДУЊА ИВАНОВА Е НАШАТА НАЈТРОФЕЈНА ВЕЛОСИПЕДИСТКА
ЗЛАТЕН КЛУБ

ДУЊА ИВАНОВА Е НАШАТА НАЈТРОФЕЈНА ВЕЛОСИПЕДИСТКА

Од Editor
септември 2, 2024
0
14

Титулата ,,државен првак“ претставува највисокото признание во спортските кругови во текот на една календарска година. Дуња Иванова, како претставник на...

Прочитај повеќе
ВОЈНА – НЕВИДЛИВА, А СУРОВА

ВОЈНА – НЕВИДЛИВА, А СУРОВА

март 24, 2024
14
ФОТО-ИЗЛОЖБА: ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР?

ФОТО-ИЗЛОЖБА: ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР?

март 1, 2024
14
Следна вест
Прекин со водоснабдувањето во реонот на Веро – Горен Пазар

Прекин со водоснабдувањето во реонот на Веро - Горен Пазар

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist