Кепенци
сабота, јуни 14, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
ВОЈНА – НЕВИДЛИВА, А СУРОВА

ВОЈНА – НЕВИДЛИВА, А СУРОВА

март 24, 2024
во ЗЛАТЕН КЛУБ
3 0
За промоцијата на книгата „Невидлива е војната“ од Маја Стела

Во време кога зборот „промоција“ се повеќе се врзува за тривијални моменти од нашето денешно изразито потрошувачко секојдневие, со значење на промоција на цени и производи на намаление и распродажба во трговски центри, или пак како промоција на политички кандидати, на нови функционери и чин на унапредување на работа – да се зборува за Промоцијата во контекст на едно од нејзините изворни и суштински значења – како јавно претставување уметност, нудење и препорака на благородната мисија на некој оригинален автор, е навистина ретко, а уште поретко присутно во медиумите.

Битолската поетеса, Маја Стела е една од ретките денешни ентузијастки, која во време кога модерната инстант-технологија сурово се пресметува со безвремените вредности, неуморно и упорно јуриша кон ветерниците, витешки бранејки го зборот како непотрошлив градежен материјал за споменици во вечноста.

Еден таков споменик, на едно „битолско време“ обележено со длабоко втиснат печат од личности, настани и специфични амбиенти во мигот, низ призмата на личниот впечаток и субјективното романтично носталгично видување на авторот, е најновата збирка поезија „Невидлива е војната“ од Маја Стела, која грчевито се обидува во дланките да ги задржи последните зрнца песок, што одамна истекле низ песочниот часовник на времето.

Рецензентката и промотор на книгата, Симона Петровска, во моќта на зборовите кои „низ искушенија трагаат по вистинскиот пат“ препознава „исцелителност на душата“, а промоторот Михајло Свидерски, во „интроспективноста и екстроспективноста“ на стиховите кои се навидум насочени локално и национално, согледува „универзални вистини“.

Старата турска поговорка „Колку јазици знаеш, толку луѓе вредиш“ совршено вклопена во идејниот економско-архитектонски и мултикултурен концепт на старата битолска чаршија (која како и сите други од тоа време е изградена во отоманскиот период) како обележје на типично битолскиот историски „менталитет“ втиснат во колективната меморија на градот, сурово болно се согледува во песната „Изнемоштена верност“, преведена на сите некогашни чаршиски јазици, во која тешката одлука на авторката да се „впука песот за да не се мачи“ болно одекнува како последен бунтовен крик од едно време и по едно време, кое се откажало од самото себе, но не и од верноста.

6432f757-6de4-4b8a-bda7-793aa17b0ce3 (1)

Хиперреалната суровост, како изблик на еден необично есенциран гнев, кој поетесата го насочила навнатре, кон многуте свои скриени лузни, но и се уште крвави, па дури и загноени, непреврзани рани од „војната“ која, нели – е „невидлива“, преовладува во речиси сите стихови од оваа книга, заедно со потрагата по посакуваниот мир, кој во овој случај, се поистоветува со просто престанување на болката.

Во сета оваа имплозија, среде спомените од зборови кои истовремено болат и лекуваат, Маја Стела го продолжува разговорот со себе, зад ѕидините на добро утврдената „тврдина за тишината“(табија за тевната), оставајќи си порака, на самата себе – „мила“, за некогаш во времето, кога со „нови коски“ ќе може да „љуби без да старее“.  

И да се вратиме на профаната „промоција“ без која денес, ни безвремените дела, не можат да бидат обзнанети.

По промоцијата во опуштен амбиент во кафулето  „Паладиум“ во Стаклената зграда во Битола на која зборуваа промоторите Михајло Свидерски, Симона Петровска и Билјана Граматковски, во тек е промоцијата на Пролетниот саем на книгата на платото пред Офицерскиот дом во Битола, каде можете да ја купите и „Невидлива е војната“ од Маја Стела, по цени…„на промоција“, заедно со другите изданија на битолската Издавачка куќа „Восток“.

Благој Шаклевски

ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

ФОТО-ИЗЛОЖБА: ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР?

Следна вест

Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Поврзани ВЕСТИ

ДУЊА ИВАНОВА Е НАШАТА НАЈТРОФЕЈНА ВЕЛОСИПЕДИСТКА
ЗЛАТЕН КЛУБ

ДУЊА ИВАНОВА Е НАШАТА НАЈТРОФЕЈНА ВЕЛОСИПЕДИСТКА

Од Editor
септември 2, 2024
0
14

Титулата ,,државен првак“ претставува највисокото признание во спортските кругови во текот на една календарска година. Дуња Иванова, како претставник на...

Прочитај повеќе
ФОТО-ИЗЛОЖБА: ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР?

ФОТО-ИЗЛОЖБА: ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР?

март 1, 2024
14
“Калеидоскоп на звукот” – хуманитарен концерт на Доминика и Симон Поповски

“Калеидоскоп на звукот” – хуманитарен концерт на Доминика и Симон Поповски

јануари 24, 2024
14
Следна вест
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради технички зафат на ул. Бул.1 Мај и Цар Самоил

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради технички зафат на ул. Бул.1 Мај и Цар Самоил

јуни 13, 2025
Едукативна посета на ученици од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во ЈП „Водовод“ – Филтерница Битола

Едукативна посета на ученици од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во ЈП „Водовод“ – Филтерница Битола

јуни 3, 2025
Прекини со водоснабдувањето на ул. Шералти на 3 јуни поради реконструкција

Прекини со водоснабдувањето на ул. Шералти на 3 јуни поради реконструкција

јуни 2, 2025
„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина

„Кажи НЕ на пушењето!“ – Наставниците и училиштата како клучни амбасадори на здрава иднина

мај 31, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist