Поради санација на водоводната мрежа на улицата Прогрес, денес (08.04.2026, четврток) ќе има прекин во водоснабдувањето во неколку населени места и улици.
Без вода ќе останат жителите на селата Логоварди и Поешево, како и дел од улицата Бурса, поточно потегот од улицата Прогрес до базата на Гранит.
Од надлежните информираат дека интервенцијата се однесува на ПВЦ водоводна цевка со пречник од 150 милиметри. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае сè до завршување на активностите поврзани со реконструкцијата на мрежата.
Поради дефект прекинато водоснабдувањето во дел од Битола
Поради дефект на водоводна цевка ПВЦ Ф-160, денеска, 7 септември, ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од зградите „Ремо“, на...
Прочитај повеќе














