Чајот од коприва ги елиминира токсините, ја стимулира работата на бубрезите и ја прочистува крвта. Поради диуретичното дејство, помага при исфрлање на вишокот вода и ја намалува подуеноста.

Зошто е корисен
Витамини и минерали: Содржи железо, магнезиум, калциум и витамини А, Бе, Це.

Анемија: Поради железото, ја подобрува крвната слика и циркулацијата.

Ефект: Го подобрува изгледот на кожата и помага во намалување на целулитот.

Подготовка и ограничувања
Се подготвува со една лажичка сув лист на чаша вода, а се пијат три до четири чаши дневно пред оброк. Не се препорачува за трудници, дијабетичари и лица со срцеви проблеми или специфична терапија со лекови. Препорачливо е да се внесува храна со калиум за време на користењето.
















