Европската вселенска агенција денеска успешно ја лансираше новата научна мисија „Смајл“, чија цел е да истражува како магнетното поле на Земјата реагира на промени предизвикани од вселенското време. Сателитот беше испратен во орбита од вселенскиот центар во Куру, Француска Гвајана, со ракета-носач „Вега-Ц“. „Смајл“ е опремен со четири напредни инструменти што ќе ги следат промените во сончевиот ветер и високоенергетските сончеви блесоци. Мисијата треба да помогне во подобро разбирање на интеракцијата меѓу сончевиот ветер и магнетосферата на Земјата, како и на појави како поларната светлина. Проектот се реализира преку европско-кинеска соработка, со учество и на Германија, Австрија и Швајцарија. Сателитот прво ќе биде поставен во ниска орбита на околу 700 километри, а потоа ќе премине во елиптична орбита што ќе достигнува и до 121 илјада километри од Земјата.
НАСА ОБЈАВИ МОРНИЧАВ ЗВУК ОД ЦРНА ДУПКА ОДДАЛЕЧЕНА 250 МИЛИОНИ СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ
Американската вселенска агенција НАСА објави аудио снимка што открива како звучи црна дупка во длабоката вселена, а снимката веднаш стана...
Прочитај повеќе
















