Европската вселенска агенција денеска успешно ја лансираше новата научна мисија „Смајл“, чија цел е да истражува како магнетното поле на Земјата реагира на промени предизвикани од вселенското време. Сателитот беше испратен во орбита од вселенскиот центар во Куру, Француска Гвајана, со ракета-носач „Вега-Ц“. „Смајл“ е опремен со четири напредни инструменти што ќе ги следат промените во сончевиот ветер и високоенергетските сончеви блесоци. Мисијата треба да помогне во подобро разбирање на интеракцијата меѓу сончевиот ветер и магнетосферата на Земјата, како и на појави како поларната светлина. Проектот се реализира преку европско-кинеска соработка, со учество и на Германија, Австрија и Швајцарија. Сателитот прво ќе биде поставен во ниска орбита на околу 700 километри, а потоа ќе премине во елиптична орбита што ќе достигнува и до 121 илјада километри од Земјата.
СТАРЛИНК ВО АМЕРИКАН ЕРЛАЈНС
Голем договор: Компанијата Американ ерлајнс ќе инсталира интернет од мрежата Старлинк на повеќе од петстотини свои авиони од типот Ербас...
Прочитај повеќе
















