Екипите на ЈКП „Водовод“ Битола во изминативе денови детектирале дефект на водоводната мрежа на улицата „Васко Карангелевски“, во близина на Ремо 3 во населбата Нова Битола, поради што дошло до поплавување на тревните површини и дел од велосипедската патека.
Од јавното претпријатие информираат дека санацијата на дефектот е веќе започната и апелираат до граѓаните за трпение и внимателно движење во овој дел од градот додека траат интервенциите.
Воедно, од „Водовод“ упатија извинување до велосипедистите, бидејќи извесен период велосипедската патека на оваа локација нема да биде достапна за користење.
Од претпријатието посочуваат дека се работи на што побрзо отстранување на дефектот, по што теренот ќе биде целосно вратен во првобитната состојба, вклучително и зелениот појас и велосипедската патека.
Од ЈКП „Водовод“ Битола им се заблагодарија на граѓаните за разбирањето и трпението додека траат работите на терен.
















