Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Димитар Тодоровски“ во Битола, со која е предвидена целосна замена на старата водоводна линија и приклучоците до домаќинствата.
Постојната мрежа е стара повеќе од 40 години и е изградена од лиено-железни цевки. Со реконструкцијата, тие ќе бидат заменети со нови полиетиленски цевки, кои треба да обезбедат поголема издржливост и посигурно водоснабдување.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола посочуваат дека активностите се дел од континуираните вложувања во обновување и модернизација на водоводната инфраструктура. Целта е да се намалат загубите на вода и да се подобри квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за граѓаните.
ВОДОВОД БИТОЛА ЗАПОЧНА ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА НА КОРИСНИЦИТЕ И ВОДОМЕРИТЕ
ЈКП „Водовод“ – Битола започна организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци....
Прочитај повеќе













