“Адамсови” се создадени од американскиот карикатурист Чарлс Адамс во 1938 година.
Од тогаш па се до денес идеjата за измисленото ексентрично сатирично семејство е обликуванa и прилагоденa за разни медиуми од телевизија во вид на серија, филм, видео игри, стрипови, мјузикли а во поново време и анимиран детски цртан филм.
Адамсови се сатирична инверзија на идеалното американско семејство од 20 век. Чудниот богат аристократски клан кои ужива во морничавоста на стравот од смртта што навидум не се свесни, или не се грижат дека другите луѓе ги сметаат за чудни и страшни, гледајќи ги низ временската капсула доживуваат падови и победи, и на некој начин диктираат еден вид супкултура во одредени делови во Америка па дури и светот.
Почнувајќи со телевизиската серија од 1964 година, семејството на Адамсови се состои од Гомез и Мортиша Адамс, нивните деца Среда и Пагсли, потоа блиските членови на семејството чичко Фестер и бабата Адамс, нивниот батлер Ларч и октоподот на Пагсли, Аристотел. Бестелната рака наречена (THING) “НЕШТО(ТО)” беше подоцна додадена дури во 1954 година, а братучедот на Гомез (IT)ТОА и миленикот на Мортиша лавот Кити Кат во 1964 година.
Во 1964 година, телевизиската серија на семејството Адамсови, во живо ја имаше првата премиера на телевизијата ABC и емитуваше цели две сезони. Последователно, инспирираше уште една филм-серија насловена како Ноќта на вештерките со новото семејство Адамсови.
После тоа семејството Адамсови претрпи непрепознатлива и неповрзана анимирана серија која се емитувала во 1973 година што воопшто не беше својствена со основите за идејата на авторот.
Франшизата повторно оживеа (читај “беше преземена”) во 1990-тите со серија играни филмови составена од Семејството Адамсови (1991) и Семејните вредности на Адамсови (1993). Подоцна овие филмови инспирираа втора анимирана серија (1992–1993).
После тоа серијата повторно беше рестартирана со филм од 1998 година, додека во 2010 година се случи и музичка адаптација во живо во Бродвеј и беше номинирана за повеќе филмски награди, но меѓу обичниот народ се шпекулираше дека тоа се вештачки и купени номинирања и награди со цел “некој” полесно да стигни до целосна франшиза на брендот (за среќа или за жал… тоа сепак беше неуспешен обид).
Во 2019 година со анимираниот цртан филм Семејството Адамсови, филмот повторно се рестартира а оваа подверзија подоцна добива продолжение во 2021 година и станува еден од омилените цртани филмови кај помладата публика.
Во 2022 година франшизата ја има Тим Бартон и прави ултра модерен филм-серија од семејството и се емитува комплетно на Нетфликс.
Франшизата на овој филм стана главен елемент на популарната култура и за неа се борат значајни режисери од цел свет со цел да ја добијат. Од оваа идеја за семејството Адамсови од создавањето па до сега се создале серија видео игри, академски книги и песни кои се базираат на нејзината тема. Исто така интересни се обработките од 2000 – 2018 година и трудовите од академската фела на угледни универзитети во светот и изучувањето за влијанието на идејата Адамсови и нејзиниот предизвик.
Семејството или поточно филозофијата на семејството Адамсови исто така имаа големо влијание врз американските стрипови, киното и телевизијата, и се сметаат за инспирација за готската супкултура и нејзина мода.