Со околу 400 гости и 79 филмови на програмата, под мотото ПРЕКРАСНО НЕПОЗНАТО вечерва со гала отворање и дефиле на уште попознатиот црвен килим, во Битола започна 44то издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
По свечената церемонија фестивалската програма започна со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција.
Директор на фотографија e Наум Доксевски, добитник на наградата „Мала камера 300” на нашиот фестивал во 2018 година за краткиот филм „Види ја ти неа” во режија на Горан Столевски. Во продолжение, галеријата од црвениот килим кој низ годините стана попопуларен од самите филмови.
„QR Пракса” меѓу средношколците – Учењето почнува кога ќе заврши
Пишување на Биографија (Curiculum Vitae), Мотивациско писмо, Симулација на Интервју за работа … се дел од наставните содржини на третиот...
Прочитај повеќе