Кепенци
среда, април 15, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Глаголицата - неправедно загубена икона на зборовите

Глаголицата – неправедно загубена икона на зборовите

август 4, 2022
во Длабоко
134 1

Во циклусот предавања кои секоја недела по Светата Божествена Литургија се одржуваат во Манастирот Свети Јован Претеча, беше претставен и најстариот автентичен Апостол, кој се смета за најнепосреден директен криличен препис од Кирилометодиев Апостол оригинално напишан на глаголица.

Манастир Свети Јован Претеча

Преку презентацијата на Апостолот кој до средината на 19 век се чувал во манастирот, по што е распарчен и отуѓен и денес се наоѓа во 5 библиотеки во Украина, Русија и Бугарија, сестринството и отец Серафим, преку привлекување на вниманието на јавноста кон Слепченската книжевна ризница, во која веќе ги откупија и комплетираа дигиталните копии од сите страници на Апостолот, сакаат да иницираат една уште поважна научна дебата – како и зошто автентичната македонска глаголица создадена според солунскиот говорен дијалект, во историјата била онеправдана, поттурната, па дури и гонета и казнувана.

Монахињи

Прашањето – зошто оригиналното македонско-славјанско писмо, било напуштено и реформирано во кирилица, кое науката допрва треба да го расветлува и одговори, е цело време во поттекстот на ова и на другите предавања во Слепченскиот манастир.

Глаголицата - најизворното Кирилометодиево наследство

Ако глаголицата се смета за совршен графички систем кој во себе содржи длабока христијанска семиотика, со прецизни и јасни симболични форми исто како иконите, тогаш прашањето – зошто воопшто имало потреба да се реформира и прилагодува ова мистично писмо-икона и кому тоа воопшто му пречело, доаѓа само по себе.

Глаголицата - најизворното Кирилометодиево наследство

Ако на ова се додаде и сознанието дека Свети Климент бил протеран во Охридско во Македонија, токму поради глаголицата и настојувањето да продолжи да го шири Кирилометодиевото дело на автентичната македонска глаголица.

Глаголица

Спротивно на што денес е општоприфатено како раширено површно сознание за глаголицата и кирилицата, кирилицата по налог на бугарскиот кнез Симеон (врз основа на елинското писмо, но соодветно на гласовите од глаголицата, по принципот – една буква еден глас) ја составил Константин Преславски, откако (како што се претпоставува) Свети Климент одбил да го реформира делото на своите учители, поради што бил и прогонет.

Кирилицата била протежирана од државната власт особено, за време на второто Бугарско царство. Кнезот Симеон иако бил восхитен од мисијата на Солунските браќа, и со радост ги прифатил Методиевите ученици но не и нивната глаголица. За него грчкиот алфабет како симбол на византиската култура, бил мерило за културните вредности. Затоа тој го прифатил Кирлометодиевото книжевното наследство, но побарал надворешниот вид на писмото да се приспособи кон формите на грчкиот алфабет. За него глаголицата била нејасна, таинствена и заради тоа отфрлена.

Последните траги од глаголичкото писмо се наоѓаат во Радиновото Евангелие од 13 век, кое потекнува од Слепченскиот манастир, а сега се наоѓа во Збирката на Алексеј Хлудов бр. 13.

Факти за Praxapostolos Slepcensis

Апостол

Слепченскиот Апостол претставува најстар зачуван препис на Кирило-методиевиот превод на Апостолот пишуван со убаво кирилично писмо врз пергамент.

Глаголица

Ракописот е интересен пример на византиско – словенски Палимпсест, односно, под словенскиот текст на Апостолот, кој според палеографските особености е пишуван 11 век, има старогрчки текст, житие на св. Јован Златоуст на свети Симеон Метафраст од 10 век, кој најверојатно заради неупотребливост, е искористен за препис на апостолот.

Алексеј Хлудов бр. 13.

По содржина е полн апркаосен (изборен) Апостол, кој во последните 29 листа содржи месецослов, со апостолски чтенија за секој ден од годината, при што се употребени словенските имиња на месеците.

Ракописот е богато илуминиран со иницијали во геометриски и тератолошки стил од типот на т.н. народна тератологија, од кои повеќето претставуваат оригинални креации, кои според познатиот научник од областа на древната славјанска уметност, академик Т.И.Буслаев, се исклучително важни за историскиот развој на славјанскиот орнамент воопшто.

Ракописот е пишуван од двајца книжевници. Едниот пишува со крупен устав благо наклонет на десно, другиот со ситен устав со исправени букви. На предавањето беше споменато за архаичниот начин на пишување на буквите: ц, л, м, и, р, к, з, итн….

Монахињата Екатерина во предавањето нагласи дека писмото е кирилично, односно преписот е транскрипција од глаголичкиот превод на Апостол на светите Кирил и Методиј, на реформираното словенско писмо – кирилица, кое е создадено од Константин Преславски на основа на грчкото писмо, односно, кон 24 -те букви од грчкиот унцијал се додадени 14 (всушност 12 ) букви од глаголицата, за бележење на специфичните словенски гласови кои според зборовите на Црноризец Храбар, и неможат да се пишуваат со грчки букви.

Следното предавање в недела на 7 август, ќе биде на тема „Ранохристијанските симболи и потребата од појавата на иконите преточени со благослов“

Следното предавање од циклусот за Ракописното книжевно наследство на Слепченскиот Манастир ќе биде посветено на „Слепченскиот Апостол од 10 век“
Ознаки: dlabokoglagolicaikonazboroviглаголицадлабокозборовиикона
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Сѐмакедонска средба – Илинден во Трново (ГАЛЕРИЈА)

Следна вест

Го знаете Дравко од Немачка?

Поврзани ВЕСТИ

Православен календар 26 септември 2024
Длабоко

Православен календар 26 септември 2024

Од Editor
септември 26, 2024
0
14

https://www.youtube.com/watch?v=ksEsV5TemBc

Прочитај повеќе
Дали знаете? – Свети Наум во црквите низ Унгарија (ВИДЕО)

Дали знаете? – Свети Наум во црквите низ Унгарија (ВИДЕО)

септември 5, 2024
14
Православен келендар 5 септември 2024 (ВИДЕО)

Православен келендар 5 септември 2024 (ВИДЕО)

септември 5, 2024
14
Следна вест
Го знаете Дравко од Немачка?

Го знаете Дравко од Немачка?

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026

Скорешно

Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

УТРЕ БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ 16-ТА И БУРСА

април 14, 2026
14
Поради прекин на струја, утре нема работи управната зграда на Водовод Битола

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ПОРАДИ САНАЦИЈА НА МРЕЖАТА ВО ЛОГОВАРДИ И ПОЕШЕВО

април 8, 2026
14
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „КАРАОРМАН“ ВО БИТОЛА

април 7, 2026
14
ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

ВОДАТА Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО: ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

март 30, 2026
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist