Американската компанија соопшти дека секој американски приватен бизнис ќе има можност да аплицира за бесплатна обука за своите вработени, во акцијата за широки дигитално описменување и промоција на т.н. Гугл Кариерни Сертификати воведени во 2018 година.
Акцијата треба да го зголеми учеството во сертифицираните обуки на „Гугл“ кои досега ги завршиле околу 70.000 луѓе во САД, и над 200.000 во светот, што глобално гледано е многу мал процент.
Според статистиките на Гугл, над 75% од луѓето кои добиле барем еден Гугл Сертификат, за една година напредувале во кариерата, добиле повисока плата и унапредување во фирмите во кои работеле или заминале во други компании на повисоки позиции.
Акцијата во која за почеток ќе бидат стипендирани 500 вработени во американските компании, се смета за рекламен потег на Гугл, за поттикнување на онлајн обуките, како корисни, ефикасни и веднаш применливи.
Едномесечна он-лајн обука на Гугл чини во просек 39$, а проценките се дека за добивање соодветно знаење и полагање за сертификат се потребни најмалку 6 месеци учење.
Анализата на податоци и Веб дизајнот засега се најбараните „струки“ за кои Гугл дава меѓународен сертификат.