Кепенци
среда, ноември 12, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Јана Танчевска – Не слика талентот, туку љубовта

Јана Танчевска – Не слика талентот, туку љубовта

февруари 3, 2023
во Анфас
65 1

Велат дека децата се бескрајнo љубопитни и сакаат сѐ, додека не пораснат и одлучат што навистина сакаат.

Некои дури ни како возрасни не се откажуваат од многуте свои „сакања” останувајќи деца кои упорно одбиваат да пораснат. Тоа е особено изразено кај ретките кои од мали се „заразиле со црвот” на уметноста.

Јана е едно такво дете, или сега веќе – девојка од Битола која сака да црта, да слика, да се кашка, но сака и гитара, и фотографија и јазици и тенис, а ги сака и Кафка и Достоевски … ех, кога денот би траел најмалку двојно, оти мора да се оди и на училиште.

Јана Танчевска е едно од ретките деца кои денес може редовно да ги видите на изложби, во друштво на повозрасните сликари и уметници, на ликовни колонии и секаде каде што може нешто да научи, но и да добие шанса да се покаже, да се натпреварува, да се надградува.

Кога станува збор за ликовната уметност, која засега во овој случај, води среде многуте „љубови”, во децата како Јана се огледува надежта во иднината на Битола.

Во рубриката Анфас овој пат заслужен простор за најмладите.

Од каде ја доби љубовта за уметноста?

– Мојата љубов за ликовната уметност ја имам од кога паметам за себе. Од најмала возраст секојдневно бев опкружена со различни бои, хартии, платна за цртање, а јас љубопитно ги користев творев и експериментирав.

Кои правци од уметноста често ги применуваш?

– Најчесто ги применувам реализам, надреализам, кубизам, aпстрактна уметност.

Кои се твоите идоли? Можеби имаш некој кој ти е инспирација?

– Моите најголеми идоли во уметноста се Васко Ташковски кој преку чудесните бои на неговите слики создава безвремени дела а тој како волшебник ни ја доближува фантазијата до реалност, и Здислав Бексински кој сликал тоа што сакал да го слика без следење на најнови уметнички стандарди изразувајќи се исклучиво самиот

„Значајното е безначајно за мене. Не ми е гајле за симболиката и сликам она што сакам да го сликам без да медитирам за некоја приказна„

Здислав Бексински

Што мислиш за ликовната уметност на младите од нашата средина?

– Во нашиот град има многу талентирани млади уметници со прекрасни ликовни дела, и само се надевам дека ќе ја задржат својата мотивација и инспирација да создаваат уште многу такви во иднина.

Кога за прв пат почна да се занимаваш со цртање?

– Јас од најмала возраст цртам. Мојот талент го забележа мојата мајка која ме подржува во секој чекор и од 5 годишна возраст континуирано посетував часови за цртање и сликање, а од 9 години почнав професионално да учам и работам.

Дали би сакала уметноста да биде твоја идна професија?

– Со оглед на тоа што имам голема љубов кон уметноста, тоа е еден свет во кој јас се пронаоѓам и ја изразувам мојата состојба имам голема мотивација за напредок и усовршување. Секако дека се надевам и многу сакам тоа да биде моја идна професија.

Може ли секој да земе четка во рака или за тоа треба посебен талент?

– Секој може да земе четка и да слика, битно е да има љубов, желба и мотивација без разлика дали имаат некој посебен талент за уметност. Уметноста е начин на искажување на нашите чувства што не можеме да ги искажиме со зборови.

Дали имаш некои признанија, сертификати или награди со кои би можела да ни се пофалиш?

– Имам над 30 сертификати, наградии признанија од учество во разни ликовни конкурси, проекти, работилници, настани. Оваа година за прв пат бев учесник во Интернационалната колонија „Де Ниро„ Битола. Три години по ред ја посетувам ликовната колонија „Арт поинт Гумно”. Најдрага и најголема награда за мене е учеството на ликовен конкурс во Керала Индија каде од 40.000 учесници во категорија со деца до осумнаесет години, јас на само девет години бев во првите триесет наградени, и бев единствен претставник од нашата земја.

Ако уметноста е твоја опсесија, тогаш што би ставила после неа, а тоа да е нешто со кое се занимаш во слободно време?

– Во слободното време сакам да читам за сега омилени автори ми се Франц Кафка и Фјодор Достоевски. Исто така свирам гитара, слушам музика и фотографирам.

Кажи ни нешто кратко за тебе! Од каде доаѓаш, каде учиш?

– Јас сум од Битола и учам во ОУ Св. Климент Охридски имам 13 години. Многу сакам животни и инсекти, сакам да се дружам со моите брат и сестра како и со одреден круг на другари/ки. Поголемиот дел од денот сакам да го поминувам во мир и спокој што ми помага да се фокусирам и да се изразам што е можно повеќе во моите дела. Секогаш сакам да учам нови работи и постојано истражувам.

Јана Танчевска родена на 21.04.2009г во Битола ученик во ОУ „Св.Климент Охридски“ Битола. Љубовта кон цртањето Јана ја има од најмала возраст и со големо внимание и заинтересираност креира уникатни цртежи уште на 2 годишнна возраст. Со процесот на растење и созревање во неа уште повеќе расте и нејзината желба за творење и создавање на различни ликовни дела. Континуирано посетува приватни часови по ликовна уметност кај повеќе ликовни уметници од градот. Има учествувано на над 20 ликовни конкурси (државни, меѓународни, интернационални) и се има стекнато со голем број на награди и сертификати. Најголемо до сега признание за нејзиниот талент е наградата од Интернационалниот ликовен конкурс во Индија со деца до 18 год на кој делото на Јана која имаше само 10 год од 40.000 учесници беше наградено како едно од првите петнаесет најдобри дела и беше единствен учесник од Македонија. Јана во соработка со писателка од Битола има илустрирано сликовница -боенка која беше промовирана во нејзиното училиште. Учествувала во проекти за екологија, во кои користи комбинирани техники фотографија, дигитално цртање и анимација, за после тоа тие да се искористат како едукативен материјал за нејзините врсници. Како еколошки проект има и изработено скулптура од отпаден материјал. За училишен проект има направено сценарио и режија за краток филм. Активно учествува во ликовни работилници, проекти и изложби. Учествува во хуманитарни настани каде своите дела ги донира. Како најмлад учесник 2022г го привлече вниманието на сите уметници кои учествуваа во Меѓународната колонија „Де Ниро“ во Битола. Неколку години учествува во ликовна колонија „АРТ Поинт Гумно“ Д.Хисар каде, како млад талентиран ученик добива насоки во нејзината едукација како и секогаш поголема мотивација за нејзино изразување и творење. Успешно има завршено едукативено практичен курс за изработка на филигрански накит. Нејзиното средно образование сака да го продолжи во училиште за ликовна уметност.

Разговорот го водеше Ивана Христова
Ознаки: anfasанфас
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Светиклиментова похвала на Успението на Пресвета Богородица

Следна вест

Весна Калпаковска – Епиграфичарот низ векови разговара со каменорезецот

Поврзани ВЕСТИ

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА
Анфас

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

Од Editor
мај 4, 2024
0
14

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола....

Прочитај повеќе
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

јануари 15, 2024
14
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
355
Следна вест
Весна Калпаковска – Епиграфичарот низ векови разговара со каменорезецот

Весна Калпаковска - Епиграфичарот низ векови разговара со каменорезецот

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist