Раперот Канје Вест се појави на ексклузивната модна ревија на Барбери по влечки и предизвика големо внимание.
Додека модната јавност дебатира и истражува кој е „авторот” на уникатните влечки изработени само за него, тој не пропушти да се пофали дека популарните римјанки, облечени над црни чорапи искомбинирани со целосен аутфит од црна кожа се обложени со вистински дијаманти.
На социјалните мрежи се коментира – Ќути, можеше и полошо. Чорапите можеа да му бидат бели.