Кинеската верзија на Твитер, Веибо најави дека во прилог на борбата против лажните вести и говорот на омраза и спамирање со лажни профили на социјалната мрежа, ќе почне да ги објавува ај-пи адресите на корисниците во секој нивен коментар. За корисниците од Кина мрежата ќе го наведува и местото и провинцијата, додека за корисниците во светот покрај ИП адресата ќе стои и името на државата.

Се верува дека на ваков начин, секој корисник, два-пати ќе размисли пред да објави нешто лажно или законски компромитирачко, кога ќе знае дека преку ИП адресата и локацијата лесно може да му биде откриен идентитетот.

Веибо, кој има во моментов има 570 милиони активни корисници месечно, на ваков чекор се реши по глобалниот бран дезинформации поврзани со ковидот, но и дијаметрално различните вести од Украина проследени со коментари со активна пропаганда и поттикнување на омраза.