Новиот спот и фотосесија за реклама на женска долна облека за брендот „Интимисими” на познатата манекенка и глумица Хајди Клум со нејзината ќерка Лени, која штотуку стана полнолетна, предизвика бура негативни реакции во јавноста.
Дури и најголемите обожаватели на Хајди Клум, на нејзиниот инстаграм профил изразуваат зачуденост од ваквиот чекор на непотребна „сексуализација” на сопственото дете и тоа од мајката.
Критики има и за рекламата која ја оценуваат како здодевна, безбојна, безживотна и непотребно вулгарна.
Иако долната облека која ја рекламираат е релативно „прибрана” и освен нивниот бакнеж во уста нема премногу еротски елементи, критичарите сметаат дека самиот чин, што една мајка се решила сексуално да ја изложи ќерка си, веднаш штом наполнила 18 години е недоличен, невкусен, а за некои и перверзен.
Како и да е, поради овие контроверзи, рекламата на брендот „Интимисими” за оваа сезона есен-зима, за кусо време ја видоа многу повеќе луѓе отколку што беше предвидено, а дали ја постигнала целта ќе покажат бројките од продажбата.
Каков ефект ова ќе има врз угледот и кариерата на Хајди е дискутабилно, но многумина сметаат дека искусната манекенка, глумица и тв продуцент, точно знае што прави за експресно да ја лансира ќерката високо во шоу бизнисот. Тоа што некому сето ова му личи на изложување и нудење на сопственото дете на продажба, не е далеку од вистината, бидејќи шоу бизнисот во основа е многу сурова и безмилосна трговија, во која мајката, во случајот, веднаш ја учи родената ќерка на горчините кои доаѓаат со успехот и популарноста.
Во продолжение – видеото од Инстаграм со дел „убавите” коментари под него :