Од почетокот на годината македонските граѓани се се’ повеќе мета на странски измамници. Покрај виртуелните измами што тешко се докажуваат пред македонската полиција, сега веќе видливите измами резултираат со приведувања на ваквите лица.
На 15.09.2022во 13.30 часот во с.Ранковце, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце било приведено лице од Романија на 23 годишна возраст со иницијали Г.И.
Тој се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра. Како што е пријавено, тој се претставил дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи.
Откако Г.И. заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.