Кепенци
среда, ноември 12, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Марта Ѓоргиевска – Сакам насмеан град без спуштени кепенци

Марта Ѓоргиевска – Сакам насмеан град без спуштени кепенци

декември 17, 2022
во Анфас
273 2

Мразот во рубриката АНФАС (интервјуа) на Интернет Порталот kepenci.mk го кршиме со младата, паметна и амбициозна битолчанка Марта Ѓоргиевска. Отвореноста, соработката и искреноста да ни одговори на секое поставено прашање што го имаше нашата мала редакција, ја прави исклучителен човек што ни даде впечаток дека не само што не се променила во однос на некои прашања што порано се поставувале за неа туку и ја зацврстиле уште повеќе да се бори за она што го има како цел за нејзиниот град и битолчаните. Марта Ѓоргиевска моментално е советник во Општина Битола, Магистер на науки, има завршено политички науки, а во средното образование се стекнала со вештини за забен техничар. Во продолжение можете да прочитате за неjзиниот идеализам, граѓански и политички активизам и животна филозофија.

Како маневрирате меѓу двете професии кои ги работите, советник и моменталниот статус во Институт за Трансфузиона Медицина?

– Кога работиш со љубов и посветеност и се обидуваш да го дадеш својот максимум ништо не е тешко. И во двете работи е потребна човечност пред сѐ.

Првата, како советник, на грб носиш подруг тип на товар кој е константно тука и секојдневно се бориш  да си најдобра верзија од себе и за луѓето, сограѓаните во рамките на тоа колку и што зависи од тебе лично. Моќта на советникот како единка во различни ситуации е различна, за жал најмала во решавањето на поединечни проблеми кои граѓаните најмногу ги болат , а ги истакнуваат во скоро секојдневните обраќања и средби. Во самиот Совет има многу проекти кои се решаваат на радост на граѓаните, но и такви за кои е потребно време за реализација бидејќи не секогаш е доволна само одлука на Совет за комплетна реализација.
Ја почнав оваа работа со чиста мисла, така и ќе завршам.
Таквите се ретки, но ќе останат запаметени. 

Втората, како здравствен администратор , работа која иако истоштува заради различни проблеми на пациентите и  нивните специфични  „приказни“, на крајот на денот  душата ми е полна кога знам дека некому сум помогнала или упатила за решавање на проблемот. Што се однесува до крводарителските акции тие ми се особено драги бидејќи сум дел од екипата која собира и евидентира  крвни единици што значат живот, а воедно и сум сведок на насмевките  предизвикани од исполнетост на крводарителите откако ќе даруваат крв и знаат дека ќе придонесат за спасување нечиј живот.

Кои се клучни моменти во оформувањето на Вашата кариера, од почетокот па се до денес?

– Иако имам 3 струки, си мислам дека и тие ми се малку, сите три ми се поврзани со луѓе, нивното здравје, креирање подобра иднина и менаџирање на човечки ресурси.
Најмногу уживам во работата со луѓе, се надевам дека ќе ми се исполни желбата Битола да добие Медицински Факултет кој долги години го ,,отвораат“ и ветуваат во Битола.

Во слободно време најпосетувана веб страна ми е PubMed, ја сакам медицината, таа љубов ми е пренесена од татко ми, лекар во пензија и неговата љубов кон работата и пациентите. Па така  можно е  да бидам првиот запишан студент на истиот.

Која е улогата на советникот во Советот на Битола и која беше вашата цел за да бидете дел од листата за советници ?

– За да си добар советник треба да работиш и да си вклучен во процесите за напредок на Општината, во креирање или пак корекција. На овие простори, како и кај нас во Битола „добриот“ советник е оној којшто има најмногу зборувано на говорница.  Да не се разбереме погрешно, тоа не значи дека тие ништо корисно не кажуваат, туку говорницата најмногу се користи за политички маркетинг, величање на нашето, плукање на вашето, ние кога бевме, вие кога бевте… Па, тоа е политика, многумина ќе речат. Да, ама…

Според мене, најдобри се и ќе се оние кои работат и ќе сработат и се добри коректори, сѐ друго е собирање  политички поени, што не е лошо, но не мислам дека е тоа основната функција на советникот во Советот. Политика треба да се брка од седиштата, а во Советот да се работи.

Мојата цел пред и по влегувањето во Советот е Битола да е град во кој ќе има достоинствен живот, чист воздух и здрава средина од која ни старо, ни младо не ќе сака да замине

Член сте во комисијата за родова еднаквост? Која е улогата на жената во политиката?

– Комисијата за родова еднаквост и мојата вклученост во неа ме прави особено среќна бидејќи таму се пронаоѓам, сите семинари се ултра продуктивни, со работилници и предавачи кои помагаат да го пренесеме наученото и да го имплементираме во нашите општини.
На жените во политика им е судено со подруги критериуми и со тоа имаат потешка улога, но исто вредна. Сведоци сме на многу позитивни примери на жени лидерки, но во Македонија се уште не е постигнато задоволителното ново на родова застапеност.

Нешто за кое треба да се здружат „против“, сите жени во политика без разлика од која политичка партија доаѓаат, е сајбер насилството/меѓусебниот булинг бидејќи, џабе сме гласни како жени за жените, ако во пракса правиме обратно од тоа што го зборуваме. Тоа е хипокризија.

Кои се приоритетите и планираните активности на Општината за идната година?

– Во една година се направија доста улици, во првиот квартал од 2023 година ќе се довршат и сите останати планирани улици, а се подготвени и над 60 други проектни документации.

Од поважните приоритети е што за нашите најмали жители градинката ќе продолжи да се гради, а изминатиов период  интензивно се работеше за најбрзо што може да се заврши и прифатилиштето за бездомни животни.

Факт е, Битола не може преку ноќ или со магично стапче да се коригира, меѓутоа сигурно овие години ќе се направи најмногу што може за доброто на градот и битолчани.

Кога се работи, на крајот резултатот од работата ќе е погласен од секој политички прес и искажан збор на говорница.
Битолчани сакаат дела, а не зборови. Впрочем тоа го покажуваат на избори.

Што се смени лично кај Вас откако влеговте во политиката?
Дали се соочивте со разочараност, поделеност?
Дали младите веруваат во политика, демократија, институции, правда?

– Лично кај мене со влегувањето во политика ништо не се смени. Скоро 8 години не ми беше решен работниот статус. Сѐ уште седам во истата работна организација, на истото место, иако како м-р на науки и јас би сакала да  работам на струката, што е природно и желба на секој жив човек кој вложил труд да се надогради.

Разочараност, да. Мислев ќе можам повеќе, но како што кажав погоре советникот како единка во различни ситуации различно тежи.

Поделеност, ја има – политичка и лична. Поделеноста како нова во Советот морав да ја учам. Ја учел секој нов советник и пред мене.

Не можам да зборувам во името на сите млади и да одговорам на прашањето дали веруваат во политика, демократија, институции, правда. Највистинит одговор би бил кога секој од нас би си го поставил истото прашање. Мислам одговорот би бил идентичен.

Присутна сте и активна на социјалните медиуми. Често пред да влезете во политичките води, јавно сте ги кажувале вашите ставови. Дали сега се смени нешто? Дали сега сте повоздржана, поумерена, помалку искрена бидејќи политиката го бара тоа од Вас?

– Оформен карактер имам и стојам зад кажаното и напишаното. Пред влегувањето во политиката ги пишував личните мои ставови. Не мешав политика.

На последните локални избори бев на советичката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, гласана од луѓе кои се членови, симпатизери и ниви поддржувачи.
Што значи тоа?
Тие луѓе од советничката листа и јас како дел од Социјалистичката партија имаме своја идеологија, убедувања и затоа моја должност е да ги испочитувам истите, иако никогаш слепо нема да одобрувам нешто што мислам дека е погрешно. Личните амбиции не треба да се пред потребите на граѓаните. Тоа што е добро е добро, тоа што не е – треба да се коригира. Можеби затоа некому ќе делувам поумерено, повоздржано. Искрена бев и останав, верувам тоа ќе го рефлектира и ова интервју.

Што мислите за т.н. инфлуенсерство?

– Има инфлуенсер за маркетинг и инфлуенсер за креирање или влијание на мислењето на граѓаните.
Првото е работа, второто е исто работа, но и го носиш во себе.

Каде се гледате за 10 години?

– За 10 години се гледам во град со кој ќе се гордеам, град без спуштени кепенци, град во кој ќе среќавам насмеани лица, задовални граѓани, а за тоа треба многу работа, многу знаење, многу чесност, сето тоа зачинето со најдобриот зачин – добра организација. Одговорноста ја имаме сите, секој поединец.

Која е Марта Ѓоргиевска за битолчани?

– Обично за себе да пишуваш е најсложено, но ќе се обидам накратко да напишам:

Секогаш одбирам да ја кажам вистината и кога не е баш пријатна,  праведна сум, не се користам со алатката – манипулација, не сакам лага, не ги сакам лажните ветувања.

Достапна сум за секого во границите на нормала, кога  можам да помогнам – помагам и на познати и на непознати, но не толерирам: злоупотреба, непочит  и обид да се добие нешто по пат на манипулација.
Што било во моја моќ, секогаш сум правела и ќе правам, не сакам неправди и искористувања. Генерално сум имала работа со луѓе-луѓе, многу ретко со нелуѓе – но, не сме сите исти.

Свесна сум дека секогаш ќе има некој што нема да не сака. Не е нормално и сите да не сакаат. Најсреќна сум што сум опкружена со луѓе кои искрено и докажано ме сакаат и почитуваат, пред сите-моите родители.

Ознаки: anfasанфас
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

„Новата Ера” распродадена во Битола (ексклузивно од пробата)

Следна вест

Промовиран учебник по критичка писменост

Поврзани ВЕСТИ

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА
Анфас

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

Од Editor
мај 4, 2024
0
14

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола....

Прочитај повеќе
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

јануари 15, 2024
14
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
355
Следна вест
Промовиран учебник по критичка писменост

Промовиран учебник по критичка писменост

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025

Скорешно

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

Подобрено водоснабдување за жителите на ул. „Сру“ бр. 5

септември 10, 2025
14
Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

Недостигот на сирова вода го намалува капацитетот за снабдување – апел за рационално користење

септември 3, 2025
14
Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

Интензивни теренски активности на ЈКП Водовод Битола за унапредување на водоводната инфраструктура

септември 1, 2025
14
Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

Саниран дефект во „Довлеџик“ – водоснабдувањето во Битола ќе се нормализира вечерва

август 31, 2025
14
Кепенци

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist