Денеска (12.12.2022) во Градската библиотека-Битола се одржа промоција на универзитетскиот учебник од професорката Даниела Андоновска-Трајковска-Критичка писменост.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/12/39.jpg)
Книгата „Критичка писменост“ е издание на Педагошкиот факултет и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и е универзитетски учебник наменет за високошколска настава по предметот Критичка писменост, односно по предмети чиј предмет на проучување е критичката педагогија, писменоста во современи контексти, методичка интрепретација на текст и настава по книжевност.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/12/10-1.jpg)
Рецензенти на книгата се проф. д-р Деан Илиев и проф. д-р Блаже Китанов. Како промотори на натанот се јавуваат професорите Деан Илиев и Билјана Цветкова-Димов. Модератор на настанот беше професорката Билјана Граматковски.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/12/38.jpg)
Свои говори одржаа и студентките од Педагошки факултет-Битола, Димитра Десановска и Ирина Јанковска, кои студираат на насоката Македонски јазик и книжевност.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/12/37.jpg)