Неверојатни информации доаѓаат од Америка. Имено, на еден оглас за вработување во автомобилската индустрија се пријавиле 173.500 кандидати.
Американскиот производител на автомобили Dodge избра десет финалисти за позицијата возач чија единствена работа ќе биде – „палење“ гуми и дрифтање автомобил на различни настани.

Атрактивноста на оваа позиција лежи во тоа што поради неа победникот нема да мора да ја напушти претходната работа.
Возачот ќе биде амбасадор на марката и мора да се појавува во редовни интервали на собири на ентузијасти за да покаже на што се способни сите модели на Dodge.

Десетте финалисти ќе бидат поканети во Radford Racing School во Аризона, каде ќе започне четиринеделното натпреварување, а конечната одлука за победникот ќе биде донесена на 26 април.
Од кандидатите беше побарано да достават двеминутно видео во кое ќе објаснат зошто се идеални за таа работа.
