По неуспешните средби во април годинава, во ЕУ оценети како разговор на глуви, европски и кинески претставници денес вритуелно преку Интернет ќе го продолжат официјалниот дијалог на високо ниво.
Се очекува главна тема на виртуелните разговори со кои ќе копретседаваат извршниот потпретседател на Европската Комисија за трговија, Валдис Домбровскис и кинескиот потрпетседател Лиу Хе, да биде кризата предизвикана од војната во Украина, околу која двете страни во април имаа дијаметрално спротивни мислења.
На агендата се исто така и односот на кинеските власти кон муслиманското малцинство во провинцијата Ксинџијанг и нератификуваниот договор за инвестициите.
По неуспехот на априлскиот дијалог на кој Кина не се согласи со начинот на кој Западот, преку санкции кон Русија, се обидува да издејствува мир во Украина, Европскиот Парламент го замрзна Договорот за големи кинески инвестиции на кои се работеше седум години, наводно како притисок поради несоодветното однесување на властите во Пекинг кој Ујгурското муслиманско малцинство во провинцијата Кдинџијанг.