Лив Тајлер донира огромни суми пари во фондот за истражување на ракот од 2004 година и сите пари од заработката на „Господарот на прстените – Враќањето на кралот“ ги донира за истражувањето.Исто така учествува и во разни акции за помош на децата.
Таа има АДХД т.е. хиперактивно нарушување уште од детството.
Лив никогаш не земала часови по глума и на некој начин глумата и помогнала во справувањето со болеста.
На само 19 години го снимала италијанскиот филм „Украдена убавина“. Славниот Бертолучи и веруваше и и ја додели главната улога но под услов да докажи со медицинска потврда од гинеколог дека е девица.
Она што е интересно во филмот е дека во заплетот донекаде има врска и со нејзиниот приватен живот. Имено, таа до својата осумгодишна возраст не знаела дека нејзиниот татко е всушност фронтменот на групата „Аеросмит“, Стивен Тајлер.
Лив сама го открила тоа кога била на концертот на Аеросмит па ја измешале со другата ќерка на Стивен мислејќи дека се близначки. Кога ја прашала нејзината мајка таа веднаш и одговорила дека нејзиниот татко е Стивен. Подоцна таа се појавува во видео записите за песните „Луд“ и „Не сакам да пропуштам нешто“ (всушност песната беше дел од саундтракот на филмот „Армагедон“ во кој таа глуми).
Филмот „Украдена убавина“ ја следи 19-годишната Луси Хармон, која по смртта на нејзината мајка, позната поетеса, доаѓа во вила лоцирана во прекрасната Тоскана за да открие кој е нејзиниот вистински татко.
Таа улога ја прослави, но огромна светска слава прво стекна со Армагедон, а потоа со улогата на Арвен, принцезата елф во Господарот на прстените.
Што се однесува до приватниот живот, тој има три деца од два брака.
















