Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.
Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 9 Пожаране, 8 Маврови Анови, 7 Попова Шапка, Дебар, 5 Охрид, Претор, 4 Крушево, 3 Битола, Лазарополе, 2 Тетово, Прилеп, Тополчани, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Ѓуриште.
Од утре се очекува во претпладневните часови да биде облачно со повремен локален дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец додека наредните денови исто така се очекуваат врнежи од дожд каде што во некои делови од земјата ќе бидат и поројни.
До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Во четврток попладне и кон крајот на денот локално ќе има услови врнежите да бидат поројни. Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.