Рецесија на Украина од -45%, на Русија од -11% и намален економски раст во Европа и на Балканот, се најновите предвидувања на Светската Банка.
Проекциите за Македонија до крајот на годината се економски раст од 2,7%, за разлика од предвидените 3,7%, што е под рамките на балканскиот очекуван просек од 3,2%
Светска банка предвидува и инфлација од 5,5 %. поради зголемени цени на храната и енергенсите, што ќе ги зголемат животните трошоци и ќе го намалат стандардот, најмногу кај ранливите групи, социјалните случаи и пензионерите.