Поради дефект на водоводна цевка ПВЦ Ф-160, денеска, 7 септември, ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од зградите „Ремо“, на улицата „Васко Карангелевски“ со броеви 64 и 85, како и за објектот „Веро“.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола информираат дека прекинот ќе трае до целосно завршување на активностите за санација на дефектот.При изведувањето на работите можно е да дојде до оштетување на велосипедската патека. Од претпријатието уверуваат дека по завршувањето на санацијата, патеката ќе биде вратена во првобитната состојба.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.













