Поради реконструкција на водоводна линија на улицата 210-та, утре, 08.05.2026 година (петок), без вода ќе останат жителите на Лавчански пат, на потегот од црквата „Св. Благовештение“ кон селото Лавци.
Од ЈКП „Водовод“ Битола информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Надлежните апелираат до граѓаните навремено да обезбедат резерви на вода и бараат разбирање за времените непријатности.
















