Полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности на 28.09.2022 ја привеле М.Б.(51) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по чл. 123 од Кривичниот законик.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/2-135.jpg)
М.Б. (51) на 06.09.2022 била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/3-123.jpg)
По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/4-105.jpg)
Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М.Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основен суд Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/5-83.jpg)