Кепенци
среда, април 23, 2025
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Проф. Виолета Јанушева – кај младите треба да се развива чувството за јазикот како идентитетско обележје

Проф. Виолета Јанушева – кај младите треба да се развива чувството за јазикот како идентитетско обележје

јануари 18, 2023
во Анфас
48 1

Во време кога сѐ повеќе се зборува дека македонистиката и изучувањето на македонскиот јазик е сѐ помалку атрактивно кај новите студенти и младите воопшто, сметаме дека треба да се предочат и истакнат актуелните позитивни примери, како мотивација и поттик за идните генерации македонисти. Проф. Јанушева е еден од таквите примери.

Виолета Јанушева е редовен професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, по предмети од областа македонистика и оценување на постигањата на учениците. Нејзиниот научен интерес е посебно насочен кон стандардниот македонски јазик. Има објавено над 135 научни и стручни трудови, меѓу кои 6 се универзитетски учебници.

Кои се клучните моменти во оформувањето на Вашата кариера?

– Меѓу клучните и исклучително важни моменти сакам да ја споменам поддршката на мојот ментор и професор д-р Људмил Спасов, кој е познато и признато име не само во македонската лингвистичка заедница туку и пошироко.  Како човек со исклучително богата научна мисла, тој, во најголема мера, ја поттикна мојата љубопитност и го насочи мојот професионален развој, за што му сум бескрајно благодарна.

Дали имате омилени теми поврзани со стандардниот македонски јазик?

– Да, особено ме интересираат лекискологијата, морфосинтаксата, синтаксата и стилистиката. Содржините од овие научни дисциплини се секогаш многу актуелни и придонесуваат за развој на повисоките когнитивни процеси, како што се: критичкото мислење на студентите и решавањето проблеми. Да ја земеме за пример лексикологијата. По појавата на пандемијата, во македонскиот јазик се појавуваат голем број нови зборови што се однесуваат на неа. Во однос, пак, на новите зборови, досега, ретко кој можел да биде сведок на точниот временски период во кој навлегува новиот зборот. Со појавата на зборови, како корона и КОВИД и на голем број зборови изведени од нив, како корона-тест или КОВИД-амбуланти, сите ние сме сведоци на точниот временски период, а тоа е во февруари 2020 г. кога се појавува првиот случај на заболен од оваа болест во Македонија.  Или, на пример, морфосинтаксата нуди голем број содржини кои сѐ уште не се доволно испитани во македонскиот јазик, па секоја таква содржина е потенцијална тема за дипломска работа, магистерска теза или докторски труд.

Го познаваат ли студентите добро македонскиот јазик?

– Има студенти што имаат задоволителни, па и солидни знаења за македонскиот јазик. Има студенти што не ги познаваат, на пример, основните зборовни групи.  Тоа, секако, зависи од голем број фактори, меѓу кои поважни се вниманието што му се посветува на јазикот во основното и средното образование, мотивацијата, интересот и сл.

Кој стил на предавање го практикувате?

– Во основа, јас сум многу отворена личност и, во таа насока, кога „предавам“, предавањето не се сведува на тоа студентите само да слушаат и да се пасивни во текот на часот. Користам јасен и разбирлив јазик и различни форми на работа и поттикнувам дискусија и креативно мислење. За мене е важно да го слушнам гласот на студентите за одреден проблем или појава. Мислам дека сум една од ретките, што практикува и устен дел од испитот по кој било предмет. Усниот одговор кажува многу повеќе за „знаењето“ на студентите.

Што значи за Вас професијата универзитетски професор

– За мене, пред сѐ, тоа е можност да им пренесам на младите генерации дел од моето богато искуство како наставник и истражувач, кај нив да развијам чувство за  јазикот како основно идентитетско обележје и свест за постојаната потреба од чување и унапредување на стандарднојазичната норма.

Ознаки: anfasанфас
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

Годишен концерт на КУД „Илинден” – исконска убавина која ја греит душата (ГАЛЕРИЈА)

Следна вест

Аристотел – почитта меѓу љубовта и стравот

Поврзани ВЕСТИ

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА
Анфас

МАРТИН ИВАНОВСКИ: ПРОМЕНИ ВЕДНАШ – УТРЕ ЌЕ Е ДОЦНА

Од Editor
мај 4, 2024
0
14

Мартин Ивановски е еден од кандидатите за пратеници во претстојните парламентарни избори. Тој ги предводи младите од опозицијата во Битола....

Прочитај повеќе
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

ПОСЛЕДНИОТ ЛИСТ ГИТАРИСТ – Пркосен оптимизам на животот

јануари 15, 2024
14
Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

Мелиса Комина – Ако навистина сакате, тогаш не постојат граници

мај 10, 2023
355
Следна вест
Аристотел – почитта меѓу љубовта и стравот

Аристотел - почитта меѓу љубовта и стравот

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

0
Тагоре – за гревот и вистината

Тагоре – за гревот и вистината

0
Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

Лепа Лукиќ доби срцев удар додека ја слушаше нејзината песна од кандидат на Ѕвездите на Гранд?

0
Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

Сињорита Мистериоса – Македонската Тик Токерка и нејзините совети за жените и мажите

0
Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

Саниран дефектот на Партизанска и 8 Септември

април 19, 2025
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ – СИМОНА ГРУЕВСКА МАЏОСКА

април 18, 2025
Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

Поради санација на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат неколку улици од населбата Баир

април 18, 2025
Прекини со водоснабдувањето на корисниците од железничката пруга до Индустриски пат

Прекини со водоснабдувањето поради јазел во водоводната мрежа

април 15, 2025

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist