На 61-годишна возраст по кратко боледување почина актерката Јулијана Стефанова, која целиот работен век му го посвети на Народниот теaтар во Битола.

Битолчани велат дека Јулка како личност беше синоним на насмевка која носеше ведрина не само на сцената, туку секаде каде што ќе се појавеше.

Еве дел од објавите со кои колегите се простуваат од неа:
„Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар. Ќе ни недостигаш бескрајно и ќе те паметиме само по убаво! Патувај мирно!” – ѝ пишуваат колегите од матичниот ансамбл.
Од првиот ден кога стапнав во театар, до пред 10 дена кога последно ја видов, таа беше мојата Јуца, а јас бев ЛЕПОТО МОЈА…. збор настрана не си рековме, не се погледнавме не си згрешивме. Ах бе Јуле моја , ах…Гласна, најпозитивно луда, уникат! Се смеевме и интерно си се нарекувавме казнени батаљон, а со неа изиграв во многу претстави, беше миленица на публиката. Раскошна глумица, со неверојатен талент за комедија, ама пред се ДУША од човек, другариште! Пред 10 дена ми рече сакам да те видам. И се видовме, ама стомакот ми се превртуваше од немир, оти знаев дека е за последно… Јуцо моја душата на парчиња ми е… не се договоривме вака Почивај во мир… ќе те спомнувам дури сум жива. Те сакав и сакам бескрајно
– напиша акерката Маја Андоновска Илијевски – актуелен директор на Центарот за култура во Битола.
На спомените од младоста на Ѓеновева и Нинавева низ солзи се потсети актерката Марија Новак:
Од семејството соопштија дека последна почит на Јулијана Стефанова ќе може да се оддаде утре (вторник, 04 октомври) во црквата Свети Димитрија во Битола од 11.00 часот, а погребот ќе биде во старите гробишта во Света Недела.