ЈКП Водовод Битола информира дека денес, 11 мај 2026 година, се реализираат теренски активности насочени кон подобрување на водоводната инфраструктура во градот.
Од претпријатието посочуваат дека целта на активностите е обезбедување сигурно и квалитетно водоснабдување за сите граѓани.
Во текот на изведбата на работите можни се повремени прекини во водоснабдувањето, поради што од ЈКП „Водовод“ апелираат до граѓаните за трпение и соработка.
„ЈКП Водовод Битола секогаш е во служба на граѓаните“, порачуваат од претпријатието


















