Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер се пофали дека е првиот меѓународен лидер на кој новата британска премиерка Лиз Трас му се јавила на телефон, веднаш по преземањето на мандатот.
Охрабрен од разговорот Зеленски ја обнови самоуверената реторика за силна контраофанзива против руската војска и барањето Русија да се прогласи за терористичка земја, да се сопре агресијата и злосторниците да се изведат пред лицето на правдата.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/5-16.jpg)
Во меѓувреме и американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека се слушнал телефонски со Трас и дека тема на разговор биле Украина, Иран и Кина.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/3-22.jpg)
Британската јавност има големи очекувања, но и извесна недоверба кон новата премиерка, пред која се исправени големи домашни предизвици, како сопирање на галопирачката инфлација од над 10%, справување со енергетската криза и воведување мерки за државно субвенционирање на последиците од кризата кои веќе драстично се одразуваат на економијата, опстанокот на малите претпријатија и стандардот на обичните граѓани.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/4-17.jpg)
Затоа владее извесна зачуденост, што Трас веднаш по преземањето на мандатот, почна да се занимава со Украина, наместо со наталожените домашни проблеми кои не трпат одлагање.