Времето денес се очекува да биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно попладне и во јужните делови во земјата каде што ќе има појава на ретки грмежи. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Температурите во текот на денот ќе се движат од 3 до 19 степени додека во југозападниот регион од 7 до 19 степени.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/servis-2.jpg)
За утре се очекува да биде исто така променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно во јужните делови во земјата. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе дува слаб променлив ветер изјавија од Управата за хидрометеоролошки работи.