Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија (до 19 години) славеше убедлива победа со над Кипар со резултат 3:0 во рамките на првиот контролен дуел меѓу двете селекции.
Македонија одигра квалитетен меч, во секој сегмент од играта беше подобра и сосема заслужено оствари убедлива победа.
Јехона Велиу во 20. минута го отвори резултатот, Ајна Исејни зголеми на 2:0 во 30 минута, за во 72 минута повторно Јехона Велиу да го запечати резултатот на 3:0.
Вториот контролен меч, Македонија и Кипар ќе го одиграат на 6 септември во 16.30 часот на стадионот на ФК Турново.