Кепенци
петок, јуни 12, 2026
No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?
No Result
View All Result
Кепенци
No Result
View All Result
Сеќавање на „дивиот” експресионизам на Стојан Апчевски

Сеќавање на „дивиот” експресионизам на Стојан Апчевски

јануари 27, 2023
во КАЖИ!
65 1

“Стојан Апчевски, со својата сериозна внатрешна борба го постави специфичниот македонски експресионизам, пред Петар Мазев и Глигор Чемерски – можеби малку претенциозно звучи, но неговиот див, „неконтролиран “ експресионизам, густо нанесуван, жестоко соочуван со формите и композицијата е првиот и можеби единствен бунтовнички експресионизам, кој ќе ги раскрши сите пасторални илузии за разубавувачката улога на уметноста.

Тоа е сликарство, кое е во директна конфронтација со животот, не песимистички туку колористички и скоро звучно крикнати. Апчевски низ сиот свој период нема да се откаже од овој избор на соочување со светот и опстојувањето.
Внатрешно, низ годините што следат, можно е да се разоткрива своевидна внатрешна преобразба, повторно не предизвикана од естетски или теоретски премиси, а уште помалку од некаков дијалог или влијанија од другите автори. Тоа е творештво кое пополека, но снажно ја регистрира бунтовноста, силно, чисто, апсолутно сликарски изразена.
Творештво, кое го следи дневнично неговиот емотивен и мисловен стадиум, често изразуван слично на битовата генерација, исфрлен, неизбалансиран, некомпромисен, далеку од додворувањето кон публиката или институциите. Безобзирен, без задршка, апсолутно слеан во изразот и директноста.”
 – Владо Ѓоревски

Во релативно мал, топол, налик на семеен амбиент, во Офицерскиот дом во Битола, ликовниот уметник Стојан Апчевски 11 години по своето заминување од светот ги собра пријателите, колегите, некогашните ученици кои ги учел да цртаат, почитувачите на уметноста … носталгичарите, кои преку ова сеќавање емотивно се потсетија на младоста – која сама по себе, со „жалбата” за неа е метафорички израз на уметноста на животот…и понекој млад љубопитен автор, дете кое во денешното инстант виртуелно време, штотуку ги извалкало прстите на својата креативна љубопитност со јаглен.

Иако недостигаа членовите на ДЛУБ од помладата (веќе средна генерација) кои секако треба да најдат време да ја погледнат изложбата, во овој миг издвоен од времето, таму во Офицерски како да не недостигаше ништо – срдечни средби, искрени љубезни зборови и едно заедничко пулсирање на битот таа толку љубоморно чувана „уметничка Битола” која како надежно да прошепоти – тука сум уште, не заминав никаде.

Паола Апчевска – внука на авторот (обраќање од САД)

Иницијативата на КИЦот, координацијата со семејството, „спасувањето” на најскришно чуваните домашни слики на познатиот Апче, не само од заборавот туку од физичкото уништување, ја прават оваа приказна уште поверодостојна и поискрена. Кога некој ќе замине од овој свет, му пејат – Вечнаја памјат! Во случајот на Стојан Апчевски, со оваа изложба се покажа како тој спомен светот треба да го чува во пракса.

Битола уште многу со што да се фали и гордее, и додека е така, ќе има и нови, млади жители на иднината кои тоа битолско достоинство ќе го пренесат во таа иднина.

Фотографии на Ивана Христова
Ознаки: kazistojanvidiвидикажи
ShareTweetSendSharePin
Претходна вест

КИЦ Битола ќе соработува со училиштата во културни иницијативи

Следна вест

„Борба” на изворот – 60 години Музичка младина на Македонија

Поврзани ВЕСТИ

АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?
КАЖИ!

АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?

Од Editor
јуни 4, 2026
0
14

Ова веќе не е прашање на уметност, туку на колективна заблуда претставена како културен настан. https://www.tiktok.com/@foodporn/video/7647299945795423518?is_from_webapp=1&sender_device=pc Во име на „алтернативниот...

Прочитај повеќе
ОЗЕМПИК: ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТЕС ШТО СТАНА ГЛОБАЛЕН ФЕНОМЕН ЗА СЛАБЕЕЊЕ

ОЗЕМПИК: ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТЕС ШТО СТАНА ГЛОБАЛЕН ФЕНОМЕН ЗА СЛАБЕЕЊЕ

мај 27, 2026
14
Писменост на хартија, неписменост во пракса

Писменост на хартија, неписменост во пракса

мај 24, 2026
14
Следна вест
„Борба” на изворот – 60 години Музичка младина на Македонија

„Борба" на изворот - 60 години Музичка младина на Македонија

  • ЧИТАНО
  • КОМЕНТИРАНО
  • ПОСЛЕДНО
Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

Дотерани битолчани втор ден Божик (фотогалерија)

јануари 11, 2024
Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

Бела Ноќ на Широк Сокак 25 август(фотогалерија прв дел)

август 26, 2023
Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

Модната писта – ШИРОК СОКАК (фотогалерија)

јануари 30, 2024
Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

Спонтано – Улични фотографии од Широк Сокак

јули 22, 2023
АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?

АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?

0
Салата со компир и боранија – оброк од соништата

Салата со компир и боранија – оброк од соништата

0
Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

Десет сцени избришани од серијалот на филмови Господарот на прстените

0
Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

Започна церемонијата за “Автомобил на годината”

0
АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?

АВАНГАРДА ИЛИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН БАНКРОТ?

јуни 4, 2026
Реконструкција на водоводната мрежа во ОУ „Гоце Делчев“: Старите цевки се заменуваат со нови полиетиленски инсталации

Реконструкција на водоводната мрежа во ОУ „Гоце Делчев“: Старите цевки се заменуваат со нови полиетиленски инсталации

јуни 3, 2026
Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

Саниран дефектот кај Спортската сала – проблемот бил по водомерот

мај 29, 2026
ВОДОВОДЕН ДЕФЕКТ ОСТАВИ ДЕЛ ОД НОВА БИТОЛА БЕЗ ВОДОСНАБДУВАЊЕ

ВОДОВОДЕН ДЕФЕКТ ОСТАВИ ДЕЛ ОД НОВА БИТОЛА БЕЗ ВОДОСНАБДУВАЊЕ

мај 28, 2026

Скорешно

© 2022 Сите права се задржани.

Кратко и јасно

  • МАРКЕТИНГ
  • Контакт
  • Услови за Користење
  • Политика за приватност

Следи нѐ

No Result
View All Result
  • Кратко
  • ЈАСНО
  • Сцена
  • Њам!
  • Брзо
  • бИднина
  • ROYAL PROM
  • Длабоко
  • Анфас
  • ЗЛАТЕН КЛУБ
  • КАЖИ!
  • Сервис
  • ВИДИ!
  • Глупо?

© 2022 Сите права се задржани.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Create New Account!

Fill the forms below to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist