Поради активностите за санација и враќање на теренот во првобитна состојба по дефектот на водоводната линија на улицата „Васко Карангелевски“, денеска без водоснабдување ќе останат дел од корисниците во Нова Битола.
Од ЈКП „Водовод“ Битола информираат дека прекинот ќе започне во 13:30 часот и ќе трае до целосно завршување на интервенцијата на терен.
Без вода ќе бидат корисниците од зградите Ремо, 64 и 85, како и жителите од улицата „Игњат Атанасовски“.
Од претпријатието им се заблагодарија на граѓаните за разбирањето и трпението додека траат работите за отстранување на дефектот.
















