Дефектот кај Спортската сала е успешно саниран, информираат од ЈКП Водовод Битола.

Според информациите, станувало збор за дефект кој не бил дел од водоводната мрежа, туку бил лоциран во самиот објект, односно по водомерот.

Надлежните екипи интервенирале навремено, а проблемот е целосно отстранет.
















